Кафе муабет
Што да правам дома во 4 ѕида, немам деца ни внуци: Емотивна исповед на Лепа Лукиќ која ќе ви го скрши срцето!
Пејачката не сака да живее во самотија...
Пејачката Лепа Лукиќ отсекогаш била омилена меѓу публиката од сите генерации, но не само поради нејзините песни, туку и поради нејзината неверојатна смисла за хумор.
На енергијата и шармот со кои плени можат да и позавидат помладите колеги, а таа откри во што е тајната.
– Не се трудев да го одржам младешкиот дух, нема рецепт за тоа. Јас баш не спијам многу, одам и сега барам друштво, не сакам да бидам сама, не ја поднесувам осаменоста. Сакам кога сум во друштво. Одам да се дружам со млади, што да правам дома во четири ѕида, немам деца ни внуци да се грижам за нив, имам само мачка во куќата – истакна пејачката за „Гранд онлајн“ портал.
Нејзината желба да трае и да шири позитивни вибрации, секако и успева, а не е ни чудно што ја гледаме во емисии и меѓу помладата популација меѓу колеги кои и се исклучително драги.
– Сакам да траам, сакам предизвици. Нема да го правам тоа што го прават старлетите. Ме викаат поради гледаност, па зошто да не одам кога секаде ме викаат – рече Лепа.
Да потсетиме, Лепа Лукиќ наполни 82 години пред само две недели, а многумина и завидуваат на ведриот дух кој го има и денес. Таа не крие дека била таква и како девојка, а не е чудно што била миленичка на посилниот пол.
– Нормално е што ми се додворуваа кога бев млада. Не можев да се одбранам од мажи! Ми приоѓаа на секакви начини, исто како денес на овие млади девојки…
Таа кажа и што за неа значи силна жена.
– Силна жена е онаа која е успешна и која може да издржи се. Жал ми е што се приближува моментот кога ќе престанам да пеам, иако никогаш не би престанала. Пред два месеци снимив две песни, во овие години пеам како и кога почнав – изјави Лепа Лукиќ.
Пејачката за време на својата кариера беше позната како дама без влакна на јазикот, па во лице го кажуваше сето она што го мислеше.
Таа зад себе имаше бурен живот, кој никогаш не го криеше од јавноста, но и покрај толку работи што се познати за неа, постои и нешто што речиси никој не го знае. А тоа е дека нејзиното вистинско име е Лепава Мушовиќ.
Таа во една прилика реши да проговори за нејзината најболна тема, а тоа се децата.
Имено пејачката абоpтирала во својата младост, а после тоа сакала да има наследници, но желбата и останала неисполнета.
– Тоа беше пред повеќе од 55 години. Тоа беше рана бременост, детето практично не беше зачнато кога абортирав. Многумина го прават тоа, така што потоа имаат пет или шест деца – рече таа.
– Не знаев дека ќе заврши вака. Не знам и никогаш нема да знам дали тој абортус влијаеше врз мене да немам повеќе деца. Никој не ми го кажа тоа – зборуваше пејачката за болна тема, која обично ја избегнува.
Оваа информација пред неколку години ја потврди и нејзиниот поранешен сопруг Влада Перовиќ кој го фати како ја изневерува, за српски Курир откри дека Лепа не можела да стане мајка поради лекарска грешка при абoртус.
-Пред да стапиме во брак, Лепа имаше абортус. Лекарите не го изведоа добро зафатот, имаше компликации потоа, и од тогаш повеќе не можеше да забремени. Мене не ми пречеше што немаме наследници, зошто навистина ја сакав. Таа својата тага ја криеше од јавност, а во себе длабоко и искрено патеше. Долго себеси се обвинуваше за сето тоа, ја носеше таа вина на душа со години. Се надевам дека успеа да се избори со тоа, и дека си прости себеси, изјави тогаш Перовиќ.