Кафе муабет
ШОК ТРАНСФОРМАЦИЈА: Убавата “ураганка” повеќе не изгледа вака- Сања го промени личниот опис
Ја промени фризурата...
Пејачката Сања Вучиќ која сите ја паметиме како членка на групата Ураган, не го промени својот изглед од моментот кога стана позната на јавноста, па до денес.
Меѓутоа, сега решила да направи трансформација која сосема и го промени личниот опис.
Имено, убавата црнка ја обои својата долга коса во модерна црвена нијанса, и ги полуде дамите ширум светот.
Нејзините нови фотографии предизвикаа хаос на социјалните мрежи, а коментарите на воодушевените обожаватели само се редат.
Раперот Стефан Цвијовиќ- Цвија меѓу првите го пофали нејзиниот изглед, а по неа беше нејзината колешка Маријана Микиќ.
Кинење“, напиша Цвија.
– Врв ти стои! Убава жена! Убава жена! Кукло! – ова се само дел од коментарите кои се најдоа под една од фотографиите на Сања, додека имаше и такви кои коментираа дека таа ја копира Ксенија Кнежевиќ.
Го покажа новото момче
Неодамна на социјалните мрежи се појави видео од свадба во Врбас на кое можеше да се види како Сања Вучиќ ужива во прегратката на новото момче со кое се бакнува.
Поранешната ураганка Сања Вучиќ не можеше да ја сокрие среќата па не ја тргна насмевката цела вечер додека танцуваше со својот нов избраник. Имено тие беа на свадба кај братот на Ненад.
Нејзиното ново момче е Ненад Цицмил, згоден дечко и сопственик на луксузен ноќен клуб во Србобран, каде Сања неодамна настапуваше со групата „Ураган“.
Sanja Vučić pleše sa novim dečkom pic.twitter.com/lGGN2SDXBq
— Silvana (@Silvana71376830) September 4, 2022
Инаку Сања ја поврзуваа и со сегашното момче на Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот Немања Гудељ но таа негираше дека била во љубовна врска со него.
Сања во една прилика за српски Информер истакна дека таа никогаш не била со Немања Гудељ, иако медумите пишуваа дека тие двајца наводно биле во врска шест месеци а раскинале еден месец пред тој да заплови во љубовна врска со Анастасија.
– Знам зошто ми се јавувате и отворено ќе кажам дека нема потреба да бидам лута или разочарана бидејќи јас и Немања сме само пријатели. Многу се сакаме, го познавам целото негово семејство – изјави Сања Вучиќ, членката на „Ураган за Информер, која тврди дека Гудељ и таа се во добри односи, но сепак негира дека биле во врска.
– Не раскинавме затоа што не бевме ни во врска, но во последно време не се слушавме бидејќи и двајцата имаме многу обврски. Но, останавме во добри односи, зошто да не – продолжи Сања, тврдејќи дека Гудељ и таа се само пријатели.
Неодамна пак српските медиуми објавија дека Сања Вучиќ наводно е во врска со црногорскиот модел и олимпиец Бошко Радуловиќ.
Сања во изјава за „Блиц“ открила дека тие двајца се само пријатели.
-Бошко го познавам преку пријател, а случајно разговаравме по ревијата во која и тој беше учесник. Не дојдов со него. Кога ќе застанам да разговарам со маж, се шпекулира дека сме заедно – рекла пејачката и ги открила своите планови за во иднина:
– Се посветувам на себе и на мојата работа, бидејќи нè очекува напорен период од летната турнеја, објавуваме уште неколку песни, работливи и вредни – истакна таа за „Блиц“.
Инаку за Сања многумина би рекле дека таа стана популарна преку ноќ, всушност, зад нејзината слава се крие талентот и долгогодишната работа.
Сања Вучиќ посетуваше основно и средно музичко училиште во родниот Крушевац, каде пееше извесно време во црковниот хор и етно ансамбл. За време на средношколските денови, таа настапуваше со разни бендови, но со нејзиното доаѓање во Белграднаправи голем пресврт во музичката кариера.
Прво настапи со бендот „Заа“, со кого сними албум, а како соло пејачка успеа да ја испроба среќата на Евровизија во 2010 година со песната „Збогум“. Таа го зазеде 18 -то место, а по популарниот натпревар, започна да гради соло кариера. Додека таа не стана членка на групата „Ураган“.