Кафе муабет
Шокантно признание на Александра Пријовиќ: „Удрив девојка на настап, МЕ ПЛУКНА ПРЕД СИТЕ“
Реагира бурно...
Пејачката Александра Пријовиќ во емисијата на Огњен Амиџиќ призна дека удрила девојка која била на нејзиниот настап.
– Да, удрив девојка на настап. Таа девојка ме навредуваше цел настап – изјави на почетокот Александра Пријовиќ.
-Тоа продолжи, а откако поминав покрај неа, таа ме плукна пред сите. Кога го видов тоа… Тогаш така изреагирав, ја удрив – изјави Пријовиќ, и ги изненади сите во студиото.
Пријовиќ откри и што би правела доколку не била пејачка.
– Би била форензичар! Обожавам такви серии, пет дена можам да гледам без престан, штом почнам – не можам да престанам! Се сеќавам дека Филип еднаш ми препорача серија, ја гледав дење и ноќе. Се одлепив!
Филип и е најголема поддршка…
Пејачката Александра Пријовиќ постојано е во центарот на вниманието поради бракот со Филип Живојиновиќ на кој многупати му предвидуваа крах.
Неодамна беше запрашана како се согласува со сопругот Филип Живојиновиќ и дали таа и Филип подобро се согласуваат откако станаа родители на синот Александар.
– Се расправаме само за песни, тој ми ги направи мелодијата и текстот за песната „Звукот на тишината“. Беше многу заморно! Се расправавме многу, но секако сакавме се да биде што подобро. Испадна одлично и секогаш сум велела дека најмногу му верувам. Откако се забавуваме, тој најмногу ми помага – истакнува пејачката.
Многу се зборуваше за вашиот развод, како и за тоа дека неговото семејство вложи многу во вашата кариера – рече Огњен Амиџиќ, водителот на емисијата „Ами Џи шоу“.
– Неговото семејство никогаш не ми помогна финансиски, се финансирав сама од првиот ден. Со овој бизнис почнав да се занимавам рано, на 14 години и така ме воспитуваа и учеа – се трудев сама да се борам и да заработам некој динар. Никогаш од никого не барав и никому ништо не должам, секогаш се трудев да не зависам од никого. Затоа сама вложив се во кариерата, па нема да дојде ден некој да каже дека инвестирал во мене, бидејќи се` сама направив – гордо истакна Александра.