Новости

Целосен пресврт на настаните против Мирослав Илиќ: Мирјана сепак се откажа од средба со пејачот- требаше да докажат татковство но се случи нешто неочекувано!

Жената со години тврди дека пејачот е татко на нејзиниот син Дерин со кој живеат во Америка

Мирослав Илиќ е еден од најпознатите пејачи во регионот кој важи за голем професионалец во својата работа, но во естрадата важи и за голем шармер и срце кршач на дамите.

 

Веќе одамна се шушка дека пејачот има вонбрачен син со Мирјана Антовиќ која со години го гони пејачот велејќи дека тој е татко на нејзиниот син Девин Антовиќ а ситуацијата дојде до таму што таа најави и тужба за пејачот.

Мирјана Антовиќ тврди дека татко на нејзиниот син Девин е Мирослав Илиќ

Сопругата на фолкерот во една прилика даде изјава дека ниту таа ниту пејачот не сакаат да ги коментираат овие настани, и застана на страната на Мирслав Илиќ.

Гордана Илиќ, сопруга на Мирослав Илиќ, тврди дека таа и сопругот нема потреба да се бранат, бидејќи веруваат во Божја правда и дека целата ситуација наскоро ќе се разјасни, бидејќи непризнаениот син на Мирослав, Девин Антоновиќ со мајката Мирјана одлучи преку суд да бара ДНК анализа заради утврдување на татковство.

Но настаните добија пресврт. Имено на 28 декември, Мирјана и нејзиниот син треба да се соочат со Мирослав Илиќ на суд, но поради непланирани проблеми по се изгледа нема да успејат да дојдат во Србија.

Мирјана пред извесно време откри дека успеала да купи авионски билети за неа и синот Девин и дека едвај чека да се соочи со нејзиниот поранешен љубовник со кого доби син кој пејачот сè уште го негира.

 

„Имаме резервирано билети, но како што ме известуваат луѓето од таму, Белград ќе биде затворен за празниците, така што нема да имаме шанса да пристигнеме. „Секојдневно сме во контакт со адвокатот, тој  проверува дали рочиштето, кое треба да биде последно и одлучувачко за утврдување на ДНК, повторно ќе се одложи поради пандемијата“, изјави Антоновиќ за „Стар“.

 

„Ситуацијата е многу лоша, и нашата агонија никако да заврши. Ја контактирам и авиокомпанијата, но тие сè уште немаат информации дали ќе има лет тие денови. Значи, според досегашните информации, нема да дојдеме во Србија како што планиравме, но таквата реалност е сурова “, додаде Мирјана и откри дека заедно со нејзиниот син планирале да ги поминат празниците со Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Живојиновиќ.

Ќе го гонам додека сум жива!

 

Летово во медиумите Мирјана Антоновиќ, жената која тврди дека го има синот Девин со пејачот Мирослав Илиќ, плукаше по него во медиумите велејќи дека е разочарана што пејачот не му честиташе на своето дете за големиот успех што го постигна.

Таа истакна дека пејачот ќе и врати за се што и направи еден ден.

„Девин конечно стана анестезиолог. По тој повод, бидејќи собирите се забранети во Америка, му организирав мала прослава во мојата куќа. Честитки доаѓаа од сите страни, многу луѓе се јавуваа, но тој не напиша ниту порака, и не му честиташе на кој било начин. Тажно.Тој човек кој е татко на Девин, а тоа го крие пред законот, не ни испрати ниту порака. Што да кажам?! Сè ќе му се врати еден ден “, рече Мира.

 

Таа уште летово најави дека ќе присуствуваат на последното рочиште за докажување на татковството.

„Девин тогаш ќе земе одмор и ние двајцата конечно ќе дојдев во Србија да завршиме со докажување на татковството. Тогаш сите тројца треба да се појавиме на суд и да се погледнеме во очи.

Ако и тогаш Мирослав измисли нешто за да не дојде, нема да се предадам. Ќе го гонам додека сум жива “, истакна тогаш Мирјана.

 

Гордана Илиќ тврди дека немале криза во бракот

На прашањето што мисли за неверството на нејзиниот сопруг, Гордана, сопругата на познатиот пејач Мирослав Илиќ одговори дека не знае за што се зборува бидејќи тие двајца никогаш немале криза во бракот.

 

-Во бракот воопшто немавме криза, се расправавме, но немавме криза.

Кризи што би довеле до развод … Имало ситуации кога сме се расправале жестоко, најчесто за некои ситници во воспитувањето децата, дали кучето било на време нахрането или прошетано, дали нешто е таму каде што треба да стои или не … Посериозните работи ги решаваме многу полесно од овие ситници. Мирослав е тој кој секогаш прв попушта.  Јас сум многу тврдоглава, јас сум двоен Овен во хороскоп. Обично ми велат: „О Боже, навистина е тешко да се биде во брак со него“, но никој не прашува како се чувствува тој со мене – изјави Гордана  во една прилика за Блиц.

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close