Дом и семејство
Хаос во семејството Џиновиќ Харис и Мелина се скарале поради ќерката- Џина во солзи поради родителите
Сака да живее со момчето...
Милeничката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, наполни 18 години и е подготвена да започне ново поглавје од животот на возрасните.
Имено, Џина изразила желба да живее со своето момче, поради што нејзините родители Харис и Мелина Џиновиќ дошле во жесток конфликт.
Имено, Џина е во врска со Андреј Ѓуриќ, фудбалер на „Црвена ѕвезда“, а како што пишува „Стар“, сега ги известила родителите дека сака да се пресели со него во друга земја, штом потпише договор.
– Андреј моментално настапува за Ѕвезда, но прашање е кога ќе потпише нов договор и за кој клуб. Целта му е да оди подалеку, поточно да игра во странство, што ќе се случи до есен. Џина и тој се во врска три години и тоа е навистина многу голема љубов, па решила да биде вистински партнер и ако тој оди во странство планира да ги спакува куферите и да оди со него – вели изворот. и додава:
– Таа им кажа на Харис и Мелина по што настана џумбус. Харис и кажал дека разбира дека се сакаат и дека треба да му биде голема поддршка, но дека е уште млада да му се посвети и дека треба да размислува за школувањето. Џина му плесна во лице дека сега е полнолетна и сама одлучува што да прави – Харис доживеа уште поголем шок кога Мелина ја поддржа Џина.
– Мелина му рекла на Харис да не се нервира и дека Џина е паметна девојка, да ја пуштат и да ја поддржат во одлуката, додава изворот.
Бабата на Харис Џиновиќ била против неговата и љубовта на Мелина
Може да се каже дека Харис очигледно заборавил на времето кога и тој и Мелина биле млади, па и нејзините родители биле против нивната врска особено поради разликата во годините.
Иако пејачот Харис Џиновиќ речиси две децении ужива во љубовта со својата избраничка Мелина Џиновиќ, со која има ќерка и син, сепак на почетокот на нивната љубов наидоа на големи критики.
Имено, Харис е речиси три децении постар од Мелина, а токму тоа било проблем за родителите на Мелина, кои биле против нивната љубов.
– Во почетокот нејзините родители имаа страшен отпор кон нашата врска. Особено поради големата разлика во годините – изјави еднаш Харис во краткото интервју и откри дека на Мелина и било многу тешко:
– Се сеќавам дека и реков: Брзо ќе помине! Ќе видиш, кога ќе дознаат дека си бремена, се ќе биде поинаку! Баш така беше. Сега лудуваат од среќа што имаат внуци – откри тој, посочувајќи дека родителите на сопругата на крајот го прифатиле.