Кафе муабет

Фолкерката со македонско потекло беше со брак со тројца колеги, а и сега има многу додворувачи

Пејачката со нови детали од приватниот живот...

Пејачката Злата Петровиќ често пати зборува за својот прватен живот па сега реши за јавноста да открие неколку интересни детали. Имено, таа истакна дека има додворувачи во изобилство.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

„Секаде ми се додворуваат! И во продавница и преку пораки, насекаде! Сепак, во моментов не сум во никаква емотивна врска, вели пејачката.

На прашањето дали би била со некој кој не е од естрадата, таа даде единствен одговор.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

– Најчесто сум во друштво со луѓе од естрадата, па веројатно е природно што моите емотивни партнери се занимаваа со таа работа. Би сакала секој маж да успее, сите за тоа дојдовме на овој свет. Но, далеку од тоа дека не би била со некој што е продавач! Не постои професија која влијае на тоа дали ќе ми се допадне некој маж.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

Злата изјави дека хемијата меѓу двајца или се случува или не и дека такво нешто не може да се планира.
– Мојот најмлад партнер беше девет години помлад од мене, а најстариот само пет години постар!

фото инстаграм/Злата Петровиќ

Да потсетиме, Злата беше во брак со Дуле Тодоровиќ, Хасан Дудиќ и Зоран Пејиќ Пеја, а како што еднаш призна, пет години била во врска со оженет маж.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

– Секој има право на избор. Би ги советувала сите да бидат тоа што се. Бидете свои и не живеејте туѓ живот. Немаме сите таква храброст, јас ја имам. Стојам зад себе и зад својот живот – изјави Злата во емисијата Амиџи Шоу.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

– Ништо не негирав, благодарение на луѓето кои пишуваат за мене. Има само еден човек, со кој бев во љубовна врска, која траеше 5 години. Беше оженет, но само на хартија. Живееле во еден простор, немале ништо, тоа било само документација, но се зборувало дека е оженет човек. Не зборував за тие работи. Зад тоа стојам, секоја втора жена, особено на мои години, не знам дека не била со оженет маж – изјави Злата.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

Имено, пејачката призна дека била „неколку пати во врска со женети мажи“, но дека секогаш ги враќала дома навреме кај своите сопруги.

Фото Инстаграм/принтскрин

– Сум била во врска со женети луѓе неколку пати, но ниту една жена не ме бркала. Затоа што, јас никогаш не сум била проблем за никого, не одев кај никого, дури и ги терав да си одат во своите куќи на време и така натаму и така натаму – рече Злата.

фото архива

– Бев со еден оженет маж пет години. Бев добра љубовница, но бев внимателна човекот со кој што тајно се гледав да не го доведам до развод. Не сум љубоморна, така што не ми беше проблем да делам маж со друга жена. Никогаш не сум била со мажи поради профит, туку од задоволство. Не ми беше грижа дали некој е богат ако ми е убаво со него. Заработувам сама и имам доволно за себе. Не барав од никого да ми купува бунда и автомобили – изјави еднаш Злата Петровиќ за локалните медиуми.

Фото Принтскрин

Што се однесува до љубовниот живот, пејачката истакна дека секогаш во врска влегува со широко отворено срце и дека секогаш има сe или ништо.

фото Архива

– Никогаш не правам компромиси, бидејќи одам со моето срце. Не можам да направам ништо без таа емоција. Нема љубов без болка. Луѓето секогаш мислат дека сум будала, но тоа е така. Претпочитам да се карам со некого од љубов затоа што ми е грижа, а кога не ми е гајле за некого, тогаш б бла ладна и тоа не е тоа. Сакам кога има љубов, нека биде љубов, нека се сакаме па и да трае три месеци, но нека биде вистинска и искрена – рече Злата Петровиќ.

Фото Инстаграм/принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close