Uncategorized
Фифи го менува полот, со последната фотографија ги изненади сите
Со цитат од наградуваната поетеса, писателка и активистка Никол Лајнс, нашата Tpансpодова пејачка Фифи Јаневска сподели фотографија со која пријатно ги изненади оние што ја следат на социјалните мрежи.
I have licked the fire and danced in the ashes of every bridge I ever burned, I fear no hell, напиша таа под сликата на која позира во интересен бел фустан кој одлично ѝ прилега.
Пред да се пресели во Стокхолм, пошироката јавност ја запозна Фифи во регионалното шоу за музички таленти „Икс фактор“. Уште тогаш изјави дека нејзината кариера вистински ќе започне кога целосно ќе ја заврши транзицијата и кога ќе ја направи операцијата за прилагодување на полот.
– Ослободете се од предрасуди. Оставете секој човек да биде тоа што сака да биде. Немојте да живеете во ограниченост и црно-бел свет. Многу е поубаво и човековата душа е поисполнета кога прифаќаш сѐ, живееш во свет кој ги опфаќа сите бои и се радуваш на сечиј успех. Сите сме луѓе, сите сме исти – напиша таа во една прилика на нејзиниот профил на „Фејсбук“.
Пред три години за порталот „Мајка и дете“, Јаневска навраќајќи се во минатото, раскажа дека знаела дека е женско уште на петгодишна возраст и дека после сите непријатности и проблеми во семејството и со средината, денес е конечно среќна.
– Споредба за моето лично искуство во Македонија со ова во Шведска воопшто не можам да направам бидејќи, за жал, Македонија, во менталитетот, науката, најновите медицински истражувања, е добри 70 години поназад од Европа. Тоа е многу тажно, но во исто време сум среќна што има мал напредок во тоа општество. Шведска е земја која треба да е пример за неразвиените општества и тоа во кој правец треба да се движат за сите граѓани да се еднакви, среќни и слободни. Овде нема предрасуди и човековите права се ставени на прво место, затоа и нема ниту насилство, ниту дискриминација. Овде на луѓето им е срам да дискриминираат, и не можат да сфатат како некои општества можат тоа да го прават – раскажа Фифи.
Таа во Шведска повремено има настапи како пејачка и сѐ уште го чека својот социјален личен број кој ќе ѝ обезбеди бесплатна трансформација во жена и остварување на долгогодишниот сон.