Дом и семејство

Утеха најде во оваа девојка: За да ја преболи Јелена актерот заврши во прегратките на оваа убавица!

Кога раскинаа тој не беше сам...

Хармоничниот брак на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ трае веќе една деценија.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Сепак, малкумина знаат дека нивната врска, во еден момент не беше идилчна и на крајот Иван Босиљчиќ и Јелена се разделија. Но тогаш тој не беше сам.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Кога раскинаа Јелена многу патеше а како што еднаш зборуваше за медиумите, во тоа време Сергеј Четковиќ и ја понуди песната „Да ми е да да ми се врати“, која тогаш скршена од болка не можеше да ја отпее.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Иван, пак, се обидел на друг начин да ја преболи Јелена. Како што тогаш се шпекулираше, токму во времето на големата емотивна криза со Јелена, Иван Босиљчиќ започна романса со Лидија Новаковиќ, млада балерина, која ја запозна во театарот Теразие, додека заедно работеа на претставата „Цигани.

фото Инстаграм/ Лидија Новаковиќ
фото Инстаграм/ Лидија Новаковиќ

Младата балерина, родум од Панчево, која се уште игра во „Театарот на Теразија“, по само неколку месеци тајна романса стана поранешна девојка на Иван Босиљчиќ.

фото Инстаграм/ Лидија Новаковиќ

Актерот кој сфати дека љубовта кон Јелена не згаснува, се потруди повторно да ја освои. Следуваше тајно помирување со Јелена, романтична свршувачка во Париз, а потоа во 2011 година си се заколнаа на вечна љубов.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Круна на љубовта е нвната ќерка Нина а тие двајца станаа еден од најстабилните парови на јавната сцена.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Куќата не е место каде што ги пуштате сите ваши вентили. Брачниот другар не треба да биде некој што ги трпи сите ваши маки, изјави Иван во една прилика…

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Брачната двојка прослави десет години откако се заколнаа на вечна љубов во градската црква во Горњи Милановац.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Довербата и разбирањето се клучот за нивната врска, а круна на љубовта е нивната деветгодишна ќерка Нина, која е центарот на светот на оваа популарна двојка.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

– Секој брак е космос за себе и не би се осмелила да дадам било каков совет и да генерализирам на темата за правилата за среќен живот. Знам само дека е најздраво да се фокусирате на вашиот дом и на вашето семејство и да не се споредувате со никого – рече Јелена Томашевиќ претходно, додека нејзиниот сопруг има слично мислење.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

– Бракот е задача со која треба да се справите. Тој мора да се негува. Бракот не е само брак и дом, туку како се однесуваш кон целиот свет. Ако го уредувате вашиот живот во однос на другите сфери, се враќате дома мирно и чисто. Куќата не е место каде што ги пуштате сите ваши вентили. Брачниот другар не треба да биде некој што ги трпи сите ваши маки. Треба да бидете искрени со него, и тој треба да ви помогне да го решите проблемот што го имате. Но, се што можете да направите сами, особено кога станува збор за деловни работи, треба сами да го решите, за да биде добро за вашата сопруга и вашето дете – рече Иван Босиљчиќ.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

На прашањето што ја одржува брачната заедница силна, Иван рече:

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

– Она што е конкретно за нас е тоа што ние сме често, многу заедно. Иако гледате дека снимам во Русија, знајте дека стои цврст план зад тоа, дека сме таму заедно. Или дека доаѓам овде почесто отколку што знаат медиумите. Тој наш ритам да бидеме заедно, да бидеме заедно што е можно повеќе, можеби тоа не прави посилни.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close