Дом и семејство

Турскиот Џорџ Клуни се ожени по трет пат со 23 години помладата модна креаторка: По два пропаднати брака се уште верува во љубов

Се чини дека конечно е среќен во љубовта...

Турскиот заводник, актерот Озџан Дениз (50) се ожени со 23 години помладата Дамар Дагдар која работи како моден креатор а љубовната врска ја започнаа во 2021 година.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Деталите од венчавката ги објавија на Инстаграм а на социјалната мрежа открија и дека моментално се на меден месец во Дубаи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by سمر دادگر??‍?•Samar Dadgar (@samar.dadgar)

Самар на венчавката изгледаше прекрасно во раскошна венчаница, додека младоженецот носеше костум во неутрална боја.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Ѕвездата на серијата „Истамбулската невеста“ Озџан Дениз зад себе има брак со Хандан Дениз, со која беше во брак од 1991 до 2000 година.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Неговиот втор брак траеше само една година, од 2018 до 2019 година. Со втората сопруга Фејза Актан, тој доби син и се бореше за старателство над детето.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

“Го гледам син ми четири пати месечно. Тоа не е доволно ниту за мене, ниту за син ми. 10 дена се немам слушнато со него. Денеска му е роденден и не можам ниту да го видам ниту да слушнам. Барам од судот да ми даде апсолутно старателство над него. Ова ми го уништува животот, не можам повеќе да го правам ова“, изјави актерот на суд.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Старателството и било доделено на мајката, но сепак зголемен е бројот на денови во кои Озјан можел да го види синот.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Покрај бројните расправии што наводно настанале заради неконтролираното трошење на пари од страна на поранешната манекенка, актерот сега тврди дека таа не ги исполнувала ни мајчинските обврски кон нивниот син Кузеј.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Но ако можеме да им веруваме на турските медиуми, ѕвездата од „Истанбулска невеста“ и неговата поранешна сопруга уште ќе се сретнуваат на судот, и тоа затоа што Фејза за времето поминато со него бара 15 милиони фунти.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Иако нивната љубов по само 15 месеци брачен живот доби епилог на суд, овие поранешни љубовници веќе подолго време се во војна.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Таа го пријави за физичко насилство и обвинителството за него бараше минимална затворска казна од шест месеци.

Фејза рече дека Озџан ја претепал неколку пати, а тој сето тоа го негираше и истакна дека тоа не е вистина. Како доказ за своите обвинувања, манекенката прикажала болнички наоди од јуни 2019 година, кои велат дека била полесно повредена.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

По обвинувањата на неговата поранешна сопруга за насилство, се случи пресврт и се појавија снимки каде таа го удира Дениз и му ја кине облеката пред куќата кога тој дошол да го види синот.

Двојката се разведе по само 15 месеци брак, што ја изненади јавноста. Турските медиуми претходно објавија дека актерот ја избркал сопругата од дома затоа што не можел да ја поднесе, а минатата година поднел тужба против Фејза бидејќи не му дозволила да се види со синот.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Со својот нов брак миленикот на женската публика ги полни страниците на медиумите во Турција и странство и тој очигледно верува во љубовта, но и во институцијата брак, па решил повторно да се жени и покрај два пропаднати брака.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close