Кафе муабет

ТОЛКУ ОД ГОЛЕМАТА ЉУБОВ? Александра Младеновиќ сама дојде на прославата кај Анастасија- откри се за односот со Исак!

Тој не е во Србија...

Александра Младеновиќ беше една од многуте гостинки кои се појавија на роденденот на Анастасија Ражнатовиќ.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Александра Младеновиќ вечерва блесна во бел фустан кога се појави на роденденот на Анастасија Ражнатовиќ која вечерва го слави својот 24 роденден.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Александра на младата пејачка и подари плик со пари и истакна дека според неа тоа е најдобар подарок.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

На прашањето зошто не се појави со своето момче Исак Шабановиќ на роденденот таа рече дека тој моментално не е во Србија.

Истакна дека напорниот распоред не влијае на нејзината врска туку напротив се сакаат повеќе од било кога и откри дека за сега се уште немаат планови за да живеат заедно.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Инаку пред неколку денови Исак Шабановиќ одговараше на незгодни прашања.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Имено, водителот на емисијата во која гостуваше Исак го прашал дали после еден негов настап завршил со обожавателка во кревет.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

– Немам што да лажам, вистина е! Но, нема емоции – призна Исак во емисијата.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

– Сега не флертувам со девојки, имам забрана – додал низ смеа и признал дека има многу обожавателки откако стана познат.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

Исак додаде дека понекогаш му е тешко бидејќи е многу емотивен.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

– Многу сум емотивен, не знам да разликувам бизнис од пријателство, мене ми е сеедно.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

Работам на тоа да бидам помалку емотивен, но претпоставувам дека хороскопскиот знак во кој сум роден, Рак ме уб-ива, во подзнак сум Скорпија – вели Исак.

фото инстаграм/Исак Шабановиќ

Сите се прашуваат како Александра успеа да му го освои срцето на ова момче кое пред само неколку месеци изјави дека не е заљубен и дека поради природата на работата му било тешко да задржи девојка.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

– Сега е малку потешко да се најде девојка, тоа сите го знаат. Тешко е да се најде личност која ќе ме гледа како Исак наместо како пејачот Исак, а тешко е и поради работата. Еве јас давам пример, наоѓам девојка од Белград, а утре сум во Словенија и мислиш дека ќе ми верува дека таму нема да флертувам. Не зависи од мене, од неа е колку ќе ми верува – изјави пејачот пред само неколку месеци и додаде дека и неговото семејство сака наскоро да се смири.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Меѓутоа, еден член имал посебен услов за неговата нова девојка.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Се обидувам да најдам некоја, како што вели баба ми, само да е вработена. Моите немаат проблем со тоа која е и што е, што прави, само да работи, да има работа. Ако нивниот Исак престане да работи, да има кој да го храни, мислат на мене – изјави тој во емисијата „Практична жена“.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Потоа истакна дека бабите му се најголемата поддршка но и најголеми критичари, а најважно е што неговата нова девојка е пред се по мерка на неговите најблиски.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Со оглед на тоа дека Александра е една од најбараните пејачки, а патем и вистинска убавица, сигурни сме дека ги исполнила критериумите на неговата баба.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ
фото инстаграм/Александра Младеновиќ
фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close