Кафе муабет

ТИЕ СЕ СОН НА СЕКОЈА ЖЕНА: Погледнете какви згодни синови има актерката Лидија Вукичевиќ!

Андреј Мркела, постариот син на Лидија Вукичевиќ, тргна по стапките на својот татко и е фудбалер додека Давид е пилот...

Популарната актерка Лидија Вукичевиќ која е во шестата деценија од животот важи за една од најзгодните во регионот.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Покрај својата блескава кариера актерката може да се гордее и со успехот на своите синови кои иако не го наследиле уметничкиот талент од својата мајка, сепак се многу успешни во своите професии.

Андреј Мркела, постариот син на Лидија Вукичевиќ, тргна по стапките на својот татко и е фудбалер додека Давид е пилот.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Во една прилика, Лидија откри како ги воспитувала своите синови.

фото Архива
фото Архива

– Бев строга во времето кога требаше да бидам таква. Знаеја дека ќе добијат мал удар по задникот кога ќе го заслужат тоа. Не можам да поднесам разгалени деца кои сакаат се. Затоа, ги научив синовите да бидат разумни. Понекогаш не може да се исполнат сите очекувања. Јас сум секогаш надзорно тело во куќата. Морам во секое време да знам каде се и што прават. Имам апсолутна контрола и над едниот и другиот син – објасни Лидија.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Лидија Вукичевиќ неодамна во емисијата „Магазин ин“ зборуваше за фактот дека, покрај воспитувањето и генетиката влијае врз формирањето на личноста.

фото Архива

– Меѓутоа, без разлика колку е важно воспитувањето, постои генетиката на која не можете да влијаете. И тогаш целиот напор паѓа во вода кога гледам дека наследиле нешто од мене или од мојот поранешен сопруг-рече Вукичевиќ, а потоа се осврна и на таткото на нејзните синови:

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Ми пречи кога ќе препознаам нешто лошо што го наследиле од мене, но повеќето лоши особини ги наследиле од својот татко – рече низ смеа актерката.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

За потсетување, неодамна актерката потврди дека е во врска со сликар од Италија, кој е десет години помлад и за кого вели дека донел нови убави моменти во нејзиниот живот бидејќи е сличен на неа а тоа и недостасувало.

фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Се гледаме повремено. Сакам љубов на далечина, никогаш не можe да ви биде досадно, секогаш ви е убаво, се сакаме еден со друг и секој пат кога ќе се видиме како да е прв. Кога сте постојано заедно, многу работи излегуваат на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе ми стане како брат, време е да заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за ова поднебје. Живеев со години во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека овде најмногу ми се допаѓа. Можам да патувам, но секогаш се враќам затоа што тука се чувствувам најдобро – рече таа за Glory.

фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој како мене, не верувам во привлекување на спротивности. Не треба да се смирувам, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој ќе се обиде да ме спушти на земја, завршува спуштен, многу пониско од мене – рече актерката и додаде:

фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Јас сум класична емотивна личност, но со емоциите мора да се управува добро. Се обидувам да не се предадам на секого и неодамна сфатив дека многумина ме гледаат како социјална институција, затоа што можам да слушам, емпатична сум и апсорбирам како сунѓер, што на крајот негативно влијае на мене. Одлучив да направам избор за тоа кога треба да го правам тоа – изјави таа за „Стори“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close