Дом и семејство
Татјана Стојановска откри зошто никогаш не се премажи по разводот од Благоја Грујовски: Со Михаил се заедно десет години, но водителката не сака брак
Уживаат во својата љубов и не е потребно да ја официјализираат...
ТВ презентерката и поранешна убавица Татјана Стојановска не крие дека ја прави среќна нејзиниот сакан Михаил Китановски кој работи како маркетинг консултант и со кој е долги години во врска.
Шармантната Татјана Стојановска или како многумина ја нарекуваат македонската Моника Белучи кариерата ја започнала ја започнала во далечната 1992 година кога победи и ја освои титулата Мис Македонија, а потоа и Мис Планета во соседна Бугарија.
Иако ја гази веќе петтата деценија Татјана изгледа фантастично и се чини за неа времето како да застанало, а таа едноставно не старее.
Инаку Татјана беше во брак со пејачот Благоја Груевски со кого го доби синот Матеј пред 23 години, но нивниот брак не траеше долго.
Денес Татјана повеќе од десет години ја негува љубовта со Михаил па во едно интервју за „ММС“ таа откри што најмногу и се допаѓа кај него.
Водителката во една прилика откри дека се запознале на одмор во Турција и полека нивната пријателска дружба преминала во сериозна врска.
Тања вели дека со Михаил ја врзува искрениот однос и заедничките интереси, како и грижата еден за друг, поддршката и пред се љубовта.
– Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење. Секако поради одредени околности, приспособувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели? Она што нас не поврза е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата. Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сè интелектот, приземјеноста во се. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне. Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што нè спојува.
„Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за ММС.
Тања откри дека таа најчесто прави баланс во нивната врска.
„Тој секогаш вели, ти си балансерот. Таква сум малку, како совеста. Се нешто така јас правдам, балансирам… Цел живот е тоа, адаптирање, балансирање, дали е тоа брак, дали е тоа работна позиција, за да имаш хармонија.
Два остри камења не мелат жито, што велат. Иако и Михаил е балансер, можам да кажам дека и двајцата доста балансираме каде што е потребно. Тој е друг темперамент, јас сум друг темперамент, меѓутоа повеќе вредности не поврзуваат за ставови во животот. Фамилијарност, животна филозофија, едноставно уживаме во хедонизмот во некоја смисла, малку повеќе е хедонист тој од мене, меѓутоа ме научи да станам хедонист. Многу работи ме научи. Затоа што тој ужива во животот, и сака и другите околу него да уживаат, рече Тања во една прилика.