Кафе муабет
Луна Џогани брои ситно до породувањето, а Марко ги чува и двете (фото)
Таа и нејзинот сопруг Марко Мијковиќ со нетрпение го очекуваат нивното прво дете, ќерката Миа...
Луна Џогани неодамна влезе во деветтот месец од бременоста, ситно брои до породувањето.
Таа и нејзинот сопруг Марко Мијковиќ со нетрпение го очекуваат нивното прво дете, ќерката Миа.
Во текот на бременоста, Луна гордо го покажува трудничкото стомаче, а сега со ново видео ги разнежни своите следбеници на социјалната мрежа нстаграм.
Имено, таа сега објави видео на кое се гледа како Марко го гали нејзиниот стомак.
„Тато секогаш се грижи за бебето“, напиша Луна додавајќи емоткони со срце.
Инаку, Луна неодамна откри дали планира да се откаже од кариерата и да стане домаќинка кога ќе ја роди ќерката Миа.
– Сите работни околу бебето ќе бидат поделени, секако и Марко ќе се грижи за детето. Јас не сум тип на жена што може да биде домаќинка и да седи дома, сакам да работам. И двајцата ќе учествуваме во одгледувањето на бебето. Знам дека ќе уживаме во овие слатки обврски. Искрено, едвај чекам да се роди Миа “, изјави Луна за медиумите.