Кафе муабет

Беше прогласен за најубав маж на светот, многу жени во Македонија беа луди по него!

Еве како изгледа денес познатиот турски актер

Тој ја носи титулата турски Бред Пит…

Поради својот изглед турските медиуми 36 годишниот Киванч Татлитуг го нарекуваа Бред Пит а на Блискиот Исток и важеше за еден од омилените актери меѓу претставничките на понежниот пол.

фото инстаграм/Киванч Татлитуг

Тој е познат на локалната публика по улогите во сериите „Гумуш“, „Страсти на Ориентот“, „Бегство“.

Поради неговата добра глума и уште подобар изглед, Киванч стана миленик на жените.

Денес тој ја носи титулата турски Бред Пит, а во 2016 година се ожени со стилистката Башак Дизер. Се венчаа во Париз.

фото инстаграм/Киванч Татлитуг
фото инстаграм/Киванч Татлитуг

Во едно од интервјуата, актерот откри дека веднаш знаел дека таа е вистинската жена за него.
Турскиот актер ја запозна жената на неговиот живот на работа, на снимањето на филмот „Забрането овошје“.

фото инстаграм/Киванч Татлитуг
фото инстаграм/Киванч Татлитуг

„Таа е таа“, помисли тој, и кога требаше да ја формализира врска со неа, тој одлучи дека ќе биде тоа интимна церемонија.

На изненадување на многумина, неговата мајка не беше присутна на венчавката и беше напишано дека таа остро се спротивстави на одлуката на нејзиниот син да се ожени со Башак.

фото инстаграм/Киванч Татлитуг
фото инстаграм/Киванч Татлитуг

„Снаата, не е по мерка на свекрвата“, се шушкаше во медиумите а потоа излезе натпис дека таа го негирала тоа веднаш по венчавката за потоа да излезе дека всушност таа поради здравствени проблеми не присуствувала на свадбата на синот.

фото инстаграм/Киванч Татлитуг

Имено во јавноста кратко по венчавката се зборуваше дека парот е пред разделба, а наводно причината за нивното разделување била во тоа што неговата сопруга тајно на сите начини се обидувала да ја спречи бременоста. Тие иако подолго време се бореле против стерелитетот, произлезе дека убавата Дизер цело време пиела контрацепциски таблети бидејќи не сакала да остане бремена. И тоа го правела без нејзиниот сопруг да знае.

фото инстаграм/Киванч Татлитуг

Инаку, овој актер е по потекло од Босна и Херцеговина.

Роден е на 20 септември 1983 година во Адана, во северна Турција. Тој беше успешен кошаркар, и по поттик на неговата мајка, тој се пријави на натпреварот Модел на светот во 2002 година и победи.

фото инстаграм/Киванч Татлитуг

Оттогаш тој е професионален модел и актер. Највлијателниот турски весник „Хуриет“ го прогласи за најзгоден маж во Турција во 2009 година.

фото инстаграм/Киванч Татлитуг
фото инстаграм/Киванч Татлитуг

И покрај тоа што е еден од омилените актери во Турција, важи за крајно скромен и приземјен човек.

„Секако дека се сакам себеси, но никогаш не стојам пред огледалото и да се гордеам на одразот во него. Не сум таков. Изгледот е дар од Бога и работа на гените. Сакам мојот талент да зборува за мене, а не убавината, изјави своевремено Киванч во интервју за турските медиуми.

фото инстаграм/Киванч Татлитуг
фото инстаграм/Киванч Татлитуг
фото инстаграм/Киванч Татлитуг
фото инстаграм/Киванч Татлитуг
фото инстаграм/Киванч Татлитуг

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close