
Оние што имаат базен во дворот знаат за какво задоволство станува збор посебно за најмладите во семејството.
Без разлика дали е во прашање гумен базен или вистински, тие ова лето посебно се хит заради ситуацијата со корона вирусот.
Оние што имаат двор многу полесно ги поминаа карантинските денови и полицискиот час на почетокот од епидемијата, а оние што во дворот имаат и базен можат да се релаксираат и сега, во овие топли денови, без да се грижат премногу за тоа што границите се затворени и што повеќето омилени летни дестинации останаа недостапни, најверојатно до крајот на летото.
Токму затоа оваа година иако трговците ги продадоа речиси сите свои базени, во продавниците се уште е голема гужва за нив. Луѓето од цела Македонија масовно ги купуваат како би можеле цело лето да го поминат во нив, а најмногу се радуваат најмладите членови во семејството.
Тоа многу добро го знае и Хосе Франко Адимилсон кој е нашиот татко на денот. Бидејќи копање дупка за базен беше скапа инвестиција за него, дојде до генијална идеја како да ги израдува најмилите.
Тој најпрво купи монтажен базен и пронајде место за него во дворот.
Но тоа не е сé. Крајниот резултат е нешто што ги воодушеви сите.
Имено, тој за да ги сокрие бочните делови од базенот, околу него изгради рамка направена од дрвени греди.
Потоа рамката ја покри со штици и на крајот додаде и скали како на децата би им направил полесно да пристапат до вода.
Па нели е ова најгенијалниот проект што може еден татко да го смисли и направи за своите дечиња? Единствениот проблем е што сега сите деца од цело маало ќе сакаат да дојдат во нивниот двор и да се бањаат во овој преубав базен.