Кафе муабет

Татко во инвалидска количка оди на прошетка со своето бебе – видео што ќе ве pacплаче!

„Иако може да оди, тој не е толку стабилен да носи дете“, изјави Челси Кинг...

Група од 10 средношколци во Америка направија хуман гест смислувајќи како да му помогнат на еден татко, кој има проблем со центарот за рамнотежа, да го однесе своето бебе на прошетка.

фото принтскрин/ твитер

Имено, тие направиле конструкција за инвалидска количка на која може да се постави автомобилско седиште за бебето, така што овој татко може да го шета своето бебе без помош на сопругата.

Пред три години, Џереми Кинг (37) од Мериленд беше опериран затоа што имал тумор на мозокот, што резултирало со физички проблеми и нарушување на центарот за рамнотежа. Кога тој и неговата сопруга Челси (32) дознале дека очекуваат бебе во јуни 2020 година, двајцата биле загрижени како ќе го носат детето на прошетка.

фото принтскрин/ твитер
фото принтскрин/ твитер

„Иако може да оди, тој не е толку стабилен да носи дете“, изјави Челси Кинг за „Добро утро Америка“.

– Тогаш разговаравме за тоа што треба да сториме за да го зачуваме бебето безбедно за време на прошетки и други активности, но немаше многу решенија, бидејќи едноставно нема доволно ресурси за родителите со попреченост – додаде таа.

фото принтскрин/ твитер
фото принтскрин/ твитер
фото принтскрин/ твитер

Челси се обратила за помош кај Мет Зиглер, наставник во училиштето каде што работи Кинг како наставник по драма и советник. Таа го праша Зиглер дали може да им помогне да смислат нешто што може да се закачи на инвалидската количка на Џереми.

Зиглер им предава на средношколците курс наречен „Создавање социјални добра“, на кој учениците дизајнираат производи што ќе имаат позитивно социјално влијание.

фото принтскрин/ твитер
фото принтскрин/ твитер

Зиглер за ГМА изјави дека им дал задача на студентите да видат што би можеле да смислат.

– На почетокот на курсот, се обидовме да го разбереме проблемот, па разговаравме со семејството – рече Зиглер.

– Разговаравме и со луѓе од локалната противпожарна служба кои тренираат да постават автомобилско седиште за бебиња со цел да се обидеме подобро да разбереме како функционираат овие работи – додаде тој.

фото принтскрин/ твитер

Според еден од студентите, Џејкоб Злотитски (18), сè започнало тогаш кога  секој од студентите ги презентирал своите идеи за додаток за инвалидска количка, а потоа направиле 3Д-модел за да видат како изгледа сето тоа.

– Сите бевме фокусирани на успешно создавање на најдобриот производ што може да го направиме во времето што го имавме – рече тој.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close