Дом и семејство

Татковците се под големо влијание на ќерките: Посветуваат повеќе внимание на ќерките отколку на синовите!

Откриле дека полот на детето има директно влијание врз тоа како ќе изгледа односот со тато...

Најголемо влијание врз детето имаат родителите. Татковците се едни од најважните луѓе во светот на децата. Тато е столб и сила и потпора на семејството.

Фото Илустрација

Но, се покажа дека татковците посветуваат поголемо внимание на своите ќерки, а нивното однесување и мозок се под влијание на полот на нивните деца.

Имено, според резултатите од американското истражување, татковците им посветуваат повеќе внимание на своите ќерки отколку на своите синови, а интересен факт е дека дури и различно зборуваат со своите ќерки и синови. Во истражувањето учествувале 52 татковци на деца на возраст од една до две години.

фото илустрација
фото илустрација
фото илустрација

Истражувачите набљудувале како тие комуницираат со своите деца и направиле МНР скенови на мозокот. Откриле дека полот на детето има директно влијание врз тоа како ќе изгледа односот со тато.

фото илустрација

Кога станува збор за поминување време заедно, татковците пеат и танцуваат повеќе со своите ќерки отколку со нивните синови. Од друга страна, тие се повеќе вклучени со своите синови во малку погруби игри како превртување и борење. Интересно е и тоа што татковците инстинктивно имаат различен одговор на емоциите на ќерките и синовите. Имено, истражувањето покажа дека татковците повеќе реагираат на среќните лица на своите ќерки и на неутралните изрази на лицето на нивните синови.

фото илустрација
фото илустрација

Разговорот е важен дел од родителството и се чини дека татковците имаат поинаков пристап во разговорот со своите деца.

фото илустрација

Научниците тврдат дека татковците на синови го користат јазикот на постигнување, а со ќерките повеќе зборуваат за телото и чувствата и користат аналитички јазик. Кога станува збор за вниманието што го посветуваат на децата, истражувањата покажаа дека татковците се повеќе ангажирани и реагираат повеќе на ќерките отколку на синовите. Исто така, тие посветуваат повеќе внимание на своите ќерки и нивните чувства отколку на нивните синови, пренесува Bright Side.

фото илустрација

Животни лекции кои ќерката може да ги научи само од нејзиниот татко!

Фото Илустрација

Присуството на таткото и мајката е особено важно за правилно растење на детето. Меѓутоа, најголем пример за ќерките, претставува нивниот татко. Татковската фигура игра голема улога во развојот на детето, а ова се некои работи кои ќерката може да ги научи за себе и за својот живот додека расте со таткото.

фото илустрација

Да научи да сака и истото да го добива за возврат

Природно е секој родител да го сака најдоброто за своето дете, но исто така детето со текот на времето мора да научи да се бори за себе. Со правилното одгледување и љубовта која му се пружи на детето, тоа ќе научи да ги вредува вистинските вредности, но и да биде свесно дека љубовта подразбира давање и примање.

фото илустрација

Да биде силна во текот на животот

Животот може да носи многу проблеми и предизвици, но таткото може да ѝ даде до знаење на ќерката дека секогаш може да се потпре на него. На жените им е природно потребна поддршка во животот, некој на кој ќе може да сметаат кога ќе имаат проблеми.

фото илустрација

Преку односот со таткото, ќерката учи да верува во себе и во своите способности и да има на ум дека секој проблем може да се реши и дека таа е доволно јака да се соочи со истото.

Дека треба да поседува самодисциплина

Таткото игра голема улога во изградувањето на самоконтрола и самодисциплина кај својата ќерка. Татковската самодисциплина на секој ќе му биде најдобар пример како треба да се однесува ќерката и кои навики треба да ги освои.

фото илустрација

Меѓутоа, треба татковците да се потрудат да изградат рамнотежа помеѓу љубовта и строгоста, за детето да не подлегне целосно на правилата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close