Кафе муабет

ТАМАРА ТОДЕВСКА ЈА НАКИТИ ЕЛКАТА – па ги сликаше синчето Дарен и ќеркичката Хана

Празничната магија во домот на пејачката започна...

Пејачката Тамара Тодевска постојано е под будно око на јавноста. Во изминатиот период таа постојано постира фотографии од неа и нејзините две деца.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Секогаш во тек со сите јавни случувања и настани, пејачката го држи вниманието на своите фанови.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Благодарение на напорните тренинзи пејачката за кратко време успеа да се реши од значителен број килограми, но и да го задржи својот беспрекорен изглед што е евидентно и од нејзините модни фотографии.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

По шпекулациите за разводот со поранешниот кошаркар Александар Диимитревски – Мачка, неодамна пејачката го потврди крајот на бракот.

,,Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено,  многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив”, изјави Тодевска

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Во екот на Новогодишните и Божиќни празници, новогодишната магија започна и во домот на познатата пејачка.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Имено, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позираат синчето Дарен и ќеркичката Хана, со своето милениче.

А, позади насмеаните лица стои накитената Новогодишна елка.

Официјално почна најубавата празнична сезона на подароци!

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close