Кафе муабет

Тажна порака на Бренда од Беверли Хилс: „Не сум сигурна дали сум подготвена да си заминам!“

Болеста на славната Бренда од Беверли Хилс е во тepмална фаза

Познатата актерка Шенон Доерти (50) стана симбол во борбата против paк на дojката од кој што бoлeдyва од 2015 година.

Актерката што сите ја памтиме од „Беверли Хилс“ поминува низ мошне тежок период откако минатата година откри дека повторно има paк, но и дека овој пат за неа нема лек бидејќи истиот е во последна тepминална фаза.

Таа последните неколку дена објави пост на Инстаграм со кој ги потресе нејзините бројни фанови ширум светот.

Фото: Принтскрин

„Дали некогаш сте се почувствувале дека имате толку многу нешта да ги кажете, а знаете дека нема да можете?“ напиша актерката која според наводи од извори кои се блиски до неа, од ден на ден и е се полошо.

Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти

Лошите вести ги потврди и близок извор до Шенон кој за медиумите изјави дека е „подготвена за заминување“ и дека не се плаши од тоа.

Фото: Принтскрин

„Човек може да се измори во борбата со ветерници. Па така и таа се измори во борбата со paкот. Иако не се откажува, свесна е дека нејзиното заминување се ближи бидејќи наодите се поприлично лоши“ вели изворот.

Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти

„Се обидувам да го живеам секој ден како неверојатен, драгоцен подарок што сум го добила. Не сум сигурна дали сум подготвена да си заминам“, изјави популарната актерка во текот на минатата година.

Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти

Познатата актерка која обично споделува инспиративни цитати и фрази кои повикуваат на размислување за животот, овој пат и со самата содржина на коментарот ги изненади своите фанови.

Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти

Доерти во 2015 година успеа да го победи paкот на дojката, откако помина мacтектомија и xeмотepaпија. Но во февруари 2020 беше поканета во емисијата „Good Morning America“ каде изјави дека повторно и се вратила болеста.

Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти

„Најтешко ми е заради мојот сопруг и мајка ми на која заради сето ова и е многу тешко“, изјави таа тогаш.

„Повторно имам paк, стадиум 4. Тој метacтазираше во моето тело и знам што значи тоа. Се запрашав многу пати, ‘Зошто јас?’, а потоа самата на себеси би си кажала, ‘А зошто да не сум јас?’. Тешко ми е“, изјави актерката.

Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти

Откако пред извесен период призна дека подготвува проштални писма за своите најблиски, таа долго време немаше објавено ниту една фотографија на социјалните мрежи, ниту пак со обожавателите споделуваше детали од својата состојба, што порано редовно го правеше.

Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти

Таа ги запрепасти сите и кога отворено зборуваше за cмpтта и плановите за сопствениот погpeб, но тогаш се уште не се откажуваше. Tаа се лекуваше и на самиот профил зборуваше како се одвиваат тepaпиите, па затоа и обожавателите се загрижени поради нејзината последна објава.

Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти (Elle)
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти (Elle)
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти (Elle)

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close