Новости

Таа има 116 а тој 63 килограми: Се заљубил во неа на прв поглед, по пет месеци врска ја побара за жена!

Тие се среќни заедно...

Британи Жак е 23 годишна девојка која поради својата тежина изгубила надеж дека некогаш ќе ја најде љубовта на својот живот.

Оваа полничка девојка има 116 килограми и е медицинска сестра од Синглтон.

Таа истакна дека до пред да го запознае своето сегашно момче, ја избегнувале сите мажи, па поради тоа решила да започне со диета, да го смени својот изглед, мислејќи дека ќе остане засекогаш сама.

Но дека љубовта прави чуда покажува токму нејзиниот пример. Имено во нејзиниот живот се појави Мет Монтгомери, инструктор по фитнес, кој како што може да се забележи и од фотографиите е мнгу послаб од неа и има 63 килограми.

Британи истакна дека пред да се појави Мет, таа била очајна и сосема ја изгубила самодовербата.

Сега Мет реши да ја побара Британи за жена, и тоа само пет месеци од нивната врска, бидејќи како што велат тоа било љубов на прв поглед.

-На почетокот бев малку неодлучна. Бев во врска во која момчињата ми рекоа дека ќе ме остават доколку не започнам со диета и не се обидам да изгубам килограми. Тоа влијаеше на мојата самодоверба и во еден момент започнав да вежбам и работам на тоа. Но, тогаш сфатив дека, ако тоа го направам поради туѓа перцепција на убавината, повеќе нема да се сакам самата себе си – вели Британи.

-Порано бев во врска со слаби девојки и тие воопшто не беа среќни. Не беа сигурни во себе и постојано се бореа со потребата нешто да променуваат, што не ми се допадна – вели Мет, и додава дека Британи му се допаѓа поради самодовербата и позитивниот став кој го има кон своето тело.

Мет истакна дека кога шетаат заедно слушаат разни коментари од минувачите и дека чудно ги загледуваат но тие не обрнуваат внимание на сето тоа бидејќи уживаат во својата среќа.

-Забележувам дека луѓето не гледаат кога поминвуаме по улица, но поголемиот дел од негативните коментари досега беа на социјалните мрежи. Луѓето ги коментираат нашите фотографии на Инстаграм во стил дека јас не сум доволно голем маж за неа – раскажува Мет.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close