Новости
СТОМАК ДО ЗАБИ: Ана Севиќ ситно брои до породувањето- фановите со позитивни коментари за нејзиниот изглед!
Наскоро ќе стане мајка
Пoзнатата српска пејачка, Ана Севиќ ситно брои до породувањето.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/дџрцфввхјќ.png)
Поранешната на Дарко Лазиќ и нејзиниот сегашен партнер Даниел Недеjковиќ наскоро ќе го прошират своето семејство, и ќе добијат ќерка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/sevic2-1.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/дрфвхгѕфвбј.png)
Изминатата недела, Ана имаше многу турбуленции особено со нејзиниот поранешен сопруг пејачот Дарко Лазиќ, но пејачката реши да не паѓа на провокациите и да ужива во своите труднички денови.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/седцфгвхј.png)
Од последната фотографија која ја сподели на својот Инстаграм профил, и за која доби многу позитивни коментари од фановите, може да се каже дека пејачката е среќна како никогаш до сега.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/24f5b8a6f2e3b7e2e6fc6e3f7a67fe3e.png)
Многумина коментираа дека едноставно блеска во бременоста.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/sevic2.jpg)
Веста за бременоста уште на самиот почеток Ана ја објави на својот Инстаграм профил и порача:
„Изненадување! Чекаме генетско здраво девојче! Ви благодарам на сите на честитките и убавите желби“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/ана-севиќ-бебе.jpg)
Инаку пејачката од бракот со Дарко Лазиќ ја има ќеркичката Лорена, а неодамна откри дека повторно ќе стане мајка на девојче.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/сердтфвѕју.png)
Ана Севиќ и нејзиното момче Даниел Недељковиќ наводно ќе се венчаат на пролет идната година, дури откако ќе се породи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/седртфгхј.png)
– На Ана и Даниел во моментов единствено им е важно бременоста да помине во најдобар можен ред. Свадбата ја планирале и пред да дознаат дека пејачката е бремена, но коронавирусот им ги помати плановите и ги натера да ја одложат за наредната година, вели извор близок до двојката.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/сефгтхј.png)
Како што пред неколку месеци беше објавено во медиумите, наводно Ана, изјавила дека ќе го земе презимето на Даниел, но во јавност поради работата и натаму ќе се претставува како Севиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/седргтфнхјк.png)
Инаку пејачката и нејзиниот партнер долго посакувале дете но тоа не им успевало.