Новости

Српската докторка предупредува: Aнтибиoтицитe не помагаат за коронавирусот- еве кога се најголеми шансите да заболите од Ковид-19!

Терапијата со антибиотици му помага на организмот сам да се избори со вирусот

“Најчесто на стетоскоп не се слуша ништо дури и за време на целата болест, што е типично за пневмонија која влијае на ткивото на белите дробови, додека кај бактериски инфекции откритието е недвосмислено. Научивме да препознаваме минимални промени на ренгенот, но често е потребно време да дојде до промена, четири до пет дена по појавата на симптомите “, рече во емисијата РТС ординација, д-р Ана Стојановиќ, раководител на одделот за пулмологија на КБЦ „Драгиша Мишовиќ“. 

Докторката предупредува дека всушност вирусот Ковид-19 предизвикува промена во целиот организам и влијае на повеќе органи.

– Сарс-ков-2 предизвикува промени во целиот организам, кој е засегнат и страда под влијание на овој вирус. Тоа е системско заболување. Бактериските инфекции обично се локализирани, во едниот дел од белите дробови постои процес што е самоограничувачки, а кога станува збор за короната, оние рецептори што го привлекуваат вирусот се насекаде, па вирусот се шири на белите дробови, срцето, речиси на сите органи…

Според она што посочи докторката Стојановиќ, најважно за коронавирусот е всушност лекувањето. Таа вели дека важно прашање, поврзано со овој вирус, е која терапија ќе биде најефикасна, но и треба да се посвети внимание на тоа дали антибиотиците се навистина ефикасни во коронавирусот.

“Оваа болест е само-заздравувачка, со терапија создаваме само услови телото подобро да се бори, сите знаеме дека антибиотиците не се делотворни. Европскиот конгрес на пулмолози на оваа тема зборуваа во септември, каде се осврнаа и за терапијата а антибиотиците меѓудругото се се споменуваа како дополнителна терапија.

foto jutarnji.hr/

Според неа антибиотикот не дава резултати во лечењето на коронавирусот, но како што вели понекогаш докторите навистина не знаат што да прават, па мораат да му дадат антибиотик на пациентот, бидејќи тоа ќе помогне до одреден степен.

Кога се пренесува вирусот?

Кога станува збор за пренесување на вирусот од една на друга личност, докторката го рече следново:

foto inz.ba/

“Она што го покажа науката или студиите кои направиле испитување на голем број пациенти во многу земји е дека едно лице е заразно во оној момент кога нема никакви симптоми. Кога ќе стапиме во контакт со пациент , што нема симптоми во периодот од два до пет дена – тогаш лицето е најзаразно. Оној кој е веќе заболен не претставува ризик бидејќи тоа лице обично е веќе во самоизолација.

По пет дена, обично се јавуваат треска, проблеми со горниот респираторен тракт и иако не секогаш, се јавуваат симптоми како нарушено чувство за вкус и мирис. Затоа се препорачува да се испита мирисот, со лимон, портокал …

Така е можно да почувствувате недостаток на воздух. Тоа е веќе лош знак и покажува дека белите дробови се погодени во поголема мера “.

Во гостувањето во истата емисија, доктор, Марија Здравковиќ, директор на КБЦ Бежанијска коса пак истакна дека Ковид-19 е вирус кој е специфичен за клетките кои постојат во сите органи, а според новите сознанија станува збор за вирус кој се врзува за ендотелните клетки.

Колку траат последиците кај пациентите излекувани од Ковид-19

-„Она што е добро кај оваа болест, како и кај другите вирусни инфекции, е што овие последици се минливи и обично завршуваат по целосното лекување, колку што е познато до сега“, вели д-р Здравковиќ, истакнувајќи дека станува збор за нов вирус за целиот научен свет кој сè уште не е доволно испитан. Засега можеме само да се надеваме дека нема да има потешки последици.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close