Дом и семејство

“Со солзи во очите тргнав прв ден на работа”: Мајка објаснува зошто породилно отсуство од три месеци не е доволно!

Не можела да ја остави ќерка си и да тргне на работа...

Хрватска е земја во која мајката има право на породилно отсуство до шест месеци по раѓањето на детето, а потоа и на дополнителни шест месеци, кои може да ги пренесе на таткото на детето. Во многу земји, породилното отсуство трае многу пократко.

фото linkedin.com/

На пример, во САД, жените кои работат во компании со 50 или повеќе вработени имаат право на 12 недели породилно отсуство. Сепак, тоа не значи дека тие треба да бидат платени за тој период, па затоа многумина се враќаат порано на работа бидејќи во спротивно не можат да ги покријат трошоците за живот.

Рејчел Ларсен, директорка во компанија во Солт Лејк Сити, предупреди дека тоа е неправедно. Таа објави стара фотографија, на која седи во автомобилот и плаче. Тоа беше нејзиниот прв работен ден по породувањето.

Фото linkedin.com/

“Оваа фотографија е направена на мојот прв ден на работа откако ја родив мојата втора ќерка. Не бев подготвена. Ќерка ми не беше подготвена. Не спиеше и беше нервозна. Станав пет пати ноќта за да ја хранам. Бев истоштена. “- напиша Рејчел.

„Како примарен извор на приход за нашето семејство, јас бев принудена да се смирам, да се смеам и да се вратам на работата“, продолжи таа во својата објава.

фото inkedin.com/

Свесна е и дека поради 12 недели платено породилно отсуство, таа е класифицирана како исклучително привилегирана во САД.

“Имав работа што ја сакав, во неверојатна фирма, со супер шефови. Имав градинка што можев да си ја дозволам со одлични воспитувачи на кои им верував. Но … не бев подготвена”, додаде таа.

Новоизбраната потпретседателка Камала Харис предложи предлог-закон со кој на секој нов родител ќе му се обезбеди шестмесечно платено отсуство, но сепак е многу помалку отколку во некои земји. Во Унгарија, породилното отсуство е можно до 72 недели, во Шведска 480 дена, во Исланд 12 месеци и во Норвешка 49 недели.

фото www.linkedin.com/

“Треба да направиме повеќе за родителите и семејствата. Ми требаа четири години да ја објавам оваа фотографија. Мило ми е што конечно проговорив”, заклучи Рејчел, собирајќи 2.300 лајкови на LinkedIn.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close