
Важи за една од најубавите жени на македонската естрада. Кога ќе се спомне името на Јулија Мациевска нема кој не ја препознава пејачката и водителка која долги години опстојува во македонскиот етер со својата широка насмевка и позитивна енергија.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Јулија е автор на емисијата ,,Будење со Јулија’’ што секоја среда се емитува на фреквенцијата на Телевизија Сонце.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Животот не бил секогаш розев за пејачката. Имено, пролетта во домот на Јулија завладеа мртва тишина.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
По краткотрјано и тешко боледување на само 42 години почина нејзината ќерка единец – Андријана.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Андријана беше позната, успешна уметница, сликарка, со многу изложби позади себе, како во државата така и во странство.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Водителката и после смртта на својата ќерка не престана да биде активна во јавноста.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Покрај авторската емисија на која и’ се врати повторно, Јулија постојано одржува и изложби во спомен на Андријана.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Андријана почина на само 42 години, таа почина од канцер, а на својата мајка и остави аманет да ја чува и воспитува нејзината ќерка – Стефанија.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
20-годишната Стефанија е вистинска убавица.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Таа е успешна актерка на сцената на Турскиот театар во Македонија.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Не поминува претстава на која Јулија не е во првите редови во публиката бодрејќи ја својата внука.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
,,Стефанија,на сцена вистинска ѕвезда.Каква трансформација,просто не можам да го препознаам моето девојче. Срцево ми е полно,таа го живее својот сон’’, напиша Јулија на Фејсбук
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Неодамна, пејачката на својот Фејсбук профил се пофали дека Стефанија ја глумела улогата на Софија во турската серија Балкански приказни – Balkan Ninnisi.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
Јулија сподели фотографија од прекрасната Стефанија под која напиша:
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска
,,Стефанија – како Софијаво турската серија Балкански приказни – Balkan Ninnisi.
Маестрална – моето девојче со секоја улога, расте во вистинска ѕвезда’’, емотивно се пофали водителката.
Фото:Фејсбук/Јулија Мациевска