Дом и семејство

СО ПОМОШ НА YouTube ИЗГРАДИЛЕ КУЌА: Оваа самохрана мајка на четири деца направи нешто неверојатно- со помош на видеа добија дом од соништата!

Оваа мајка е вистински доказ дека ништо во животот не може да ве скрши доколку самите не го дозволите тоа.

Имено Кара Брукинс е самохрана мајка од Арканзас која има четири деца. Го оставила сопругот поради семејно насилство, но наместо да тагува и да се жали дека е сама, таа решила да погледне од другата страна на животот, и да им подари на децата прекрасен дом.

Кара со помош на своите четири деца, изгради куќа од над 300 квадратни метри со голема гаража, гледајќи стотици видео инструкции на Интернет.

„Истражував многу, поставував прашања на вработените во продавниците за градежни материјали“, изјави оваа снаодлива мајка за Хафингтон пост.

Семејството не можело да си ги дозволи градителите, но успеале да купат парче земја и градежни материјали. И така, тие побараа помош на YouTube. Таа се реши на ваков предизвикувачки потфат кога ја видела куќата оштетена од торнадото.

„Кога ја видов внатрешноста на куќата, сите тие табли, одеднаш ми се чинеше изводливо и помислив дека и јас можам да го сторам тоа“.

Откако материјалот беше купен, семејството беше ставено на свршен чин. Тие мораа да успеат. „Како ќе градиме куќа? ја прашала најстарата ќерка, која тогаш имала 17 години, додека другите деца имале 15, 11 и 2 години.

И тие успеаја. Тие направија сè – од мешање на цементот , до редење тули, на крај направија прекрасен дом.

Брукинс го напушти сопругот поради семејно нaaсилство и сакаше да го искористи овој потфат за да им ја врати самодовербата на децата и вербата дека можат да ги надминат сите предизвици.

Оваа инспиративна мајка напиша и книга за нејзиниот животен пресврт и за градење куќа.

Советот што им го дава на сите што имаат проблеми зад себе е:

„Сите велат – ако правите по еден мал чекор секој ден, тогаш ќе биде подобро. Моето искуство покажува дека тоа не е така. Мора да направите голем скок, да направите нешто грандиозно, што ќе го промени начинот на кој се гледате себеси “.

&nbsp

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close