Кафе муабет
Со нетрпение чекавме да облече фустан: Ана Брнабиќ во розево- еве зошто важи за една од најдобро стилизираните политичарки!
Остана доследна на својот стил...
Српската премиерка Ана Брнабиќ има свој препознатлив стил, и за секоја пригода одбира деловна комбинација на која додава некои впечатливи лични детали или специфични бои на сакоа во кои најдобро се чувствува.
Премиерката на Србија речиси никогаш не отстапува од својот препознатлив стил, па така беше и сега.
Таа остана доследна на својот стил и при нејзината најнова средба, со амбасадорката на Република Кина пред неколку дена.
Ана Брнабиќ за оваа прилика одбра нежна нијанса на розево сако, а како и во сите претходни комбинации кои ги носеше, незаменливи беа панталоните и чевлите. Колку и да изгледа едноставно, стајлингот на српската премиерка е секогаш внимателно осмислен, а таа дури во една прилика откри дека нејзината сопруга Милица Ѓурѓиќ често ја стилизира за јавни настапи.
Додека стилот на Ана Брнабиќ речиси секогаш се карактеризира со опишаните парчиња облека, нејзината партнерка е далеку порелаксирана во комбинирањето и за разлика од премиерката, многу поретко може да се види во панталони, иако во неколку ситуации решила да парира на нејзината избраничка.
„Не знам брендови. Милица ми купува се. Навистина не знам“, изјави Ана во емисијата „Амиџи шоу“.
Односот на Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ е како и секоја друга врска, но поради некоја посебна причина се многу интересни за медиумите. Секоја нивна акција не може да помине незабележано.
Ана и докторката не ја кријат љубовта, напротив премиерката на Србија секогаш е многу среќна и се чувствува убаво кога зборува за својата емотивна партнерка во медиумите, а речиси никогаш не заборава да го спомене и синот Игор кој е центар на нивниот свет.
Свадбата на Ана Брнабиќ и Милица инаку е неизбежна тема која и по 15 години заеднички живот ја интригира јавноста, а неодамна се наметна во документарниот филм „Ana je tu“. Во авторската, всушност дипломска работа, на новинарот Адам Сантовац, а премиерката отворено зборуваше за ЛГБТ заедницата на која и припаѓа, а која, според мислењето на нејзините членови, не е доволно застапена, а се осврна и на денот на нејзината венчавка со Милица.
На новинарско прашање дали е точно дека во еден од градовите каде истополовите бракови се законски регулирани, Њујорк, Рочестер или Вашингтон, се заколнала на вечна љубов кон Милица Брнабиќ рече:
– Не, не е вистина. Слушнав и дека сме се венчале, но тоа не е точно. Во врска сме над 15 години, но не сме во брак. Последното нешто што би го направила е да си дадам поголеми права од кој било граѓанин на Србија. Јас никогаш не би го направила тоа. Тоа е спротивно на сите мои принципи. Верувајте, попрво би се убила – посочила премиерката која и покрај тоа што законски не го регулирала односот со избраничката ужива и прави планови за иднината.