Кафе муабет
Со години е на фолк сцената, а сега тешко дека ќе ја препознаете- Маја Маријана направи голема промена, сите коментираат за ова!
Доби низа комплименти...
Пејачката Маја Маријана долго време е верна на црната коса, а сега тотално го промени имиџот но сепак ја задржа бојата.
Многумина на почетокот не ја препознаа пејачката. Долгата коса Маја ја замени со кратка коса со шишки, а нејзината нова фризура предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.
Меѓу оние на кои им се допадна промената беше и пејачката Драгана Мирковиќ која и упати комплименти.
„Непрепознатливо“, „Нова фризура“, „Голема промена“, „Како Злата Петровиќ“, беа само дел од многуте коментари на Инстаграм.
Да потсетиме, Маја неодамна ја опиша најлошата тезга што ја памети.
-Никогаш нема да заборавам една свадба, неколку познати пејачи пееја три дена без престан и на крајот никој не ни плати. Тоа беше многу одамна, пред 29-30 години, таму се случија многу лоши работи, ни хонорар не добивме, три дена пеевме бесплатно. Невестата и младоженецот побегнаа од селото, преку поле, претпоставувам. Сите останавме без хонорари, посочи Маја…
Инаку фолк-пејачката Маја Маријана ги изненади своите колеги на една приватна прослава кога се појави рака под рака со своето 15-години помладо момче, кошаркарот Ненад.
Не се огласила некое време, а потоа открила дека згодниот Ненад и ги свртел плановите што се однесува до љубовта.
– Одам на натпревари со него, навиваме заедно, тој има своја професија, јас ја имам мојата, така треба да остане.
Тој е висок човек, висок е два метри, јас сум до него како патка. Се запознавме случајно преку пријател, не размислував за љубов, раскажа Маја за српските медиуми.
Фолкерка има јасен став кога станува збор за разликата од 15 години меѓу нив.
-Па, зошто секогаш да се занимаваме со броеви? Признавам бројки само на работа, па математика и пари се тоа, а кога станува збор за љубовта, тогаш тие не постојат за мене – рече таа.Инаку позната фолкерка стави крај со љубовта откако нејизниот поранешен вереник ја претепа Маја Маријана.
Видно потресена, во солзи и со модринки по лицето таа се јавила во Брза помош која ја пренела во Ургентниот центар во Белград.
– Веднаш рече дека мажот ја тепал. Изгледаше страшно, лицето и беше изобличено – вели извор од Ургентниот центар за „Блиц“.
По прегледот од неврохирург и снимање на главата утврдено е дека на пејачката и се нагмечени јагодичните коска и черепот, по што била префрлена на максилофацијална хирургија.