Бебе

Софија Милошевиќ се породи, па објави прва фотографија и го откри полот на бебето

Прва фотографија директно од породилиштето

Манекенката Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ станаа родители

Познатиот фудбалер кој игра за шпанскиот тим Реал Мадрид, Лука Јовиќ, и неговата сопруга, манекенката Софија Милошевиќ, вчера се остварија во улога на родители кога им се роди нивниот син.

Убавата манекенка се породи во Шпанија, поточно во Мадрид, што го потврди и Јовиќ на својот Инстаграм со слика од породилиштето.

Ова му е второ дете на фудбалерот бидејќи веќе има дете со моделот Анѓела Маниташевиќ.

Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ

Познатата манекенка се породи и на овој свет донесе машко дете, а Лука на својот профил ја објави првата фотографија од породилиштето и напиша:

„Нашето момче пристигна.“

Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ

Инаку, убавата манекенка целото време додека беше бремена објавуваше фотографии на својот Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ

Пред неполн месец, убавата манекенка беше запросена на преубав начин кога исто така ги извести фановите.

Лука тоа го направи на италијанскиот остров Капри, една од омилените дестинации на Софија, а убавата манекенка потоа сподели фотографија на која се држи за рацете со саканиот на која се гледа свршеничкиот прстен. Како што тогаш објави српскиот Курир, во прашање е прстен направен од чисто злато и неговата цена изнесува околу три илјади евра.

Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ

„Чувството беше неверојатно. Одушевена сум како успеа да сокрие до последниот момент така што во ниту еден момент не се посомневав за што се работи. Беше многу романтично, и слободно можам да кажам, нереално. Во еден момент слушнав како луѓето од островот ни аплаудираат на нашата љубов и на она што го направи Лука“, објасни тогаш Софија.

Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close