Кафе муабет

СНАА И СВЕКРВА НА КОИ СИТЕ ИМ ЗАВИДУВААТ: Гоца Божиновска и Бојана Родиќ неразделни- идната мајка сподели фотографија со свекрвата- сите гледаат во еден детал!

Тие одлично се сложуваат...

Бојана Родиќ, бремената избраничка на Мирко Шијан, секогаш привлекува огромно внимание во јавноста со секој нејзин потег на социјалните мрежи.

фото инстаграм
фото инстаграм

Така сега таа и нејзината свекрва, пејачката Гоца Божиновска го искористија убавото време и решија да заминат заедно во природа, па многумина и забележаа дека снаата и свекрвата одлично се сложуваат.

Бремената Бојана и Гоца седнаа покрај реката, а судејќи според широките насмевки, уживаат во времето што го поминуваат заедно.

Идната мајка на својот Инстаграм профил објави фотографија со Гоца, која пејачката неколку минути подоцна ја сподели и на својот Инстаграм профил и рече дека нејзината снаа е најубава.

фото инстаграм

– Снаа моја најубава – напиша пејачката покрај фотографијата со Бојана, а комплиментите за изгледот на Гоца и идната мајка не престануваат .

Инаку, бидејќи Гоца го поминуваше најголемиот дел од своето време во Краљево, каде се грижи за нејзината болна мајка, таа истакна дека Бојана се грижи за семејната куќа во Сурчин, каде живеат заедно со Мирко Шијан.

За потсетување, Бојана Родиќ и Мирко Шијан за Божиќ решија да го израдуваат семејството и соопштија дека го очекуваат своето прво дете, а оваа вест најмногу ја израдува неговата мајка пејачка Гоца Божиновска.

фото инстаграм

Пејачката за српските медиуми истакна дека е пресреќна што ќе се оствари во улога на баба, а посочи и дека и е најважно да се сакаат синот и снаата.

фото инстаграм

– Тие многу се сакаат и тоа е најважното за мене. Штом ќе донесете одлука да имате дете, значи се сакате. Тие се согласуваат толку добро, никогаш не сум ги чула да се расправаат, да имаат проблеми, да доаѓаат и да си одат … Мирко се смени за 360 степени. Тој ми е смешен. Тој рече: „Мамо, сега мора оваа соба да биде за бебето, јас му реков вие бирајте која соба ќе биде за бебето. Тој почна да бира каква боја ќе бидат sидовите, но јас му реков да не го прави тоа додека не го открие полот на бебето“ – рече Гоца.

Пејачката призна дека потајно сака да добие внука.

– Само нека се роди живо и здраво. Би сакала да имаат девојче, но велат дека желбите на бабите никогаш не се оствариле. Сакам женски деца и сакам секој брачен пар прво да има ќерка – вели пејачката.

– Само Бојана добро да го износи бебето. Не дозволуваме сега да подигне ниту чаша. Се слушнавме и со нејзините родители и тие се среќни и радосни. Ја запознав нејзината мајка, но не го сретнав татко и. Нејзината мајка е совршена жена, вистинска мајка. Бојана исто така има добри манири се однесува како зрела жена која знае сè – рече Гоца во емисијата „Специјална премиера-викенд“.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close