Кафе муабет

СНААТА НЕ БЕШЕ ПО МЕРАК НА СВЕКРВАТА НО ТУPСКИОТ “БРЕД ПИТ” НЕ САКА ДА СЛУШНЕ ЗА ДРУГА: Ова е најубавиот пар за кој сите зборуваат!

Актерот е луд по својата сопруга...

Поради својот изглед турските медиуми 36 годишниот Киванч Татлитуг го нарекуваа Бред Пит а на Блискиот Исток и важеше за еден од омилените актери меѓу претставничките на понежниот пол.

Тој е еден од најпознатите турски актери а нашата публика го препознава по улогата во сериите „Ѓумуш“ и „Забрането овошје“.

Добрата глума и изгледот го направија Киванч миленик на женската публика. И тогаш во 2016 година, жените паднаа во очај поради него!

Киванч тогаш се ожени со модната стилистка Башак Дизер во Париз, со која беше во врска две години пред бракот.

Турскиот актер ја запозна жената на неговиот живот на работа, на снимањето на филмот „Забрането овошје“.

„Таа е таа“, помисли тој, и кога требаше да ја формализира врска со неа, тој одлучи дека ќе биде тоа интимна церемонија.

На изненадување на многумина, неговата мајка не беше присутна на венчавката и беше напишано дека таа остро се спротивстави на одлуката на нејзиниот син да се ожени со Башак.

„Снаата, не е по мерка на свекрвата“, се шушкаше во медиумите а потоа излезе натпис дека таа го негирала тоа веднаш по венчавката за потоа да излезе дека всушност таа поради здравствени проблеми не присуствувала на свадбата на синот.

Имено во јавноста кратко по венчавката се зборуваше дека парот е пред разделба, а наводно причината за нивното разделување била во тоа што неговата сопруга тајно на сите начини се обидувала да ја спречи бременоста. Тие иако подолго време се бореле против стерелитетот, произлезе дека убавата Дизер цело време пиела контрацепциски таблети бидејќи не сакала да остане бремена. И тоа го правела без нејзиниот сопруг да знае.

Инаку, Киванч по потекло е од Босна и Херцеговина. Во интервју за еден турски медиум тој самит има изјавено дека се уште ги истражува своите корени кои досегаат до Балканот, односно до Босна. Тој земјата на своите предци прв пат ја запозна во 2008 кога за потребите за снимање на последната серија од „Љубов и одмазда“, го посетил Мостар.

И покрај тоа што е еден од омилените актери во Турција, важи за крајно скромен и приземјен човек.
„Секако дека се сакам себеси, но никогаш не стојам пред огледалото и да се гордеам на одразот во него. Не сум таков. Изгледот е дар од Бога и работа на гените. Сакам мојот талент да зборува за мене, а не убавината, изјави своевремено Киванч во интервју за турските медиуми.

Важи за едeн од најплатените актери во Турција

Киванч важи за еден од најплатените и најпопуларните актери во Турција, но и на Блискиот Исток. Низ медиумите се „шушка“ дека тежи околу 20 милиони долари, а заради преголемата сличност со Брд Пит го викаат турскиот Бред Пит.

Роден е 27 октомври 1983 година во Адана, а како што откри самиот во едно интервју неговиот татко Ердем е Албанец од Приштина. Неговото семејство има пекара во Адана. Тој заврши приватно средно училиште и сакаше да стане кошаркар – висок е 187 сантиметри и има светло сини очи.

За време на неговиот престој во Истанбул тренира со јуниорските екипи на клубовите Бешикташ и Фенербахче, но по повреда на ногата се откажал од кошарката. Тогаш влегува во манекенските води и во 2002 година е прогласен за најдобриот турски и светски модел.

Покрај манекенството ќе започне да се занимава и со глума, а кариерата како актер ја започнува во 2007 година кога се појави во турската комедија Американци на Црно море каде што го толкуваше ликот на Музафер.

Истата година ја добива и улогата на Мехмет Шадоглу во популарната турска серија „Ѓумуш“ со која веднаш се прославува.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close