Дом и семејство
Слаѓа Делибашиќ се соочува со проблеми поради Џоле: “Се срамам од презимето Џогани”!
Вели и го попречува бизнисот...
Поранешната сопруга на Џоле Џогани, Слаѓа Делибашиќ е целосно посветена на приватниот бизнис, приватна градинка која ја води со ќерката Силвија, а како што тврди таа, бизнисот ќе и одел многу подобро доколку не била постојано поврзувана со семејството на поранешниот сопруг.
– Многу ме нервира кога сите нè споменуваат во контекст на семејството Џогани. Се разделивме пред 22 години. Јас сум Делибашиќ, како и татко ми, брат ми и децата. Моите деца ги гледам како Делибашиќ, а не Џогани. Не сакам да правам хаос од сето тоа. Понекогаш се срамам од тоа презиме. Има многу предрасуди кај народот. Градинката што ја отворив да не беше тоа презиме ќе беше полна, полна, ама нашиот народ е таков, додека не запознаеш некој не можеш да судиш. Така им судев на луѓето додека не ги запознав – рече Слаѓа и додаде дека е задоволна од работата на градинката, без разлика на се:
– Петта година е како работиме со градинката. На почетокот беше многу слабо, знаев да дојдам изморена од настап и ги плаќав сите трошоци, плати и придонеси додека не почнеме да работиме и тоа без никаква реклама. Родителите кои дојдоа имаа многу убаво мислење за нас и за работата на нашата градинка. Фала богу градинката полека почна да се полни. Долго време баравме кадар, сега се е феноменално, но ништо не не би било без Силвија – заклучила таа за Свет.
Да потсетиме, Слаѓа живее во прекрасната вила на Лекино брдо од 250 метри квадратни заедно со своите ќерки Силвија и Маринела.
Откако Џоле се разведе од неа, пејачката си ги спакувала работите и ја напуштила куќата, но по законската поделба на имотот се вратила во неа во 2004 година. Музичката двојка заедно изгради уште два имоти во дворот од првите пари што ги заработија од настапот во 1987 година, а Слаѓа сè уште го памети тој настап.
– Бев во шестиот месец од бременоста кога се преселивме во овој крај, парите што ги заработивме заедно ги вложивме во уредување на овој дом, а дел од средствата ни ги позајми татко ми. Уредувавме кат по кат, а Џоле ми дозволи комплетно да го одредам распоредот на собите и детално да ја уредам нивната внатрешност. Бидејќи макотрпно ги заработивме парите од кои ја изградивме куќата, отсекогаш сме знаеле да ја цениме работата и уживаме во малиот рај што го создадовме – изјави таа во една прилика за „Стори“.
За разлика од нејзиниот поранешен сопруг, кој повремено ја посетува нејзината куќа и не сака промени, Слаѓа тврди дека таа е една од оние кои постојано поправаат нешто во внатрешноста.
– Сакам да инвестирам во мојата оаза, поради што на моите ќерки и на себе си подарив сауна, џакузи и теретана за уживање.
– Кујната од Евросалон, стара околу две децении, неодамна ја обоив во бело, како и трпезариската
маса која некогаш беше зелена нијанса. Бидејќи постојано го реновирам, секогаш изгледа како да е нов. Инаку, во приземјето доминира белата боја, а јас неодамна купив исти нијанси на кожна гарнитура за салонот, додека другата дневна соба горе е во потемни бои. Некогаш се беше во црвено, а потоа избрав жолто-сина комбинација за на крај да дојдам до визуелно решение во кое доминираат пастелно зелените нијанси на ѕидовите и бордо мебелот.
– Неодамна нарачав кревет од Сараево. Во мојот дом нема непотребни работи бидејќи не сакам ситници кои заземаат многу простор. Затоа нема комоди и полици, а при изборот на мебел се погрижив чистењето на куќата да биде што поедноставно. Јас лично уживам во средувањето на сите 250 квадратни метри од мојот дом.
Домот на Слаѓана Делибашиќ е уреден во согласност со афинитетите на пејачката, која најголем дел од времето го поминува во двор и теретана, а после тренинг сака да се релаксира во џакузи.