Кафе муабет

Слаѓа Делибашиќ е најсекси баба на естрадата- откри дека повторно е заљубена, а еве и во кого!

Има 52 години, а да не е позната личност никој не би поверувал дека таа е веќе во шестата деценија од животот.

Иако веќе некое време не е дел од јавниот живот, поранешната пејачка Слаѓа Делибашиќ повремено дава интервју кога е во центарот на вниманието во јавноста, најчесто поради она што за неа го кажува поранешниот сопруг Џоле Џогани.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм
ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм
ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

Името на Слаѓа во последно време често повторно се слуша во јавноста поради документарниот филм кој танчерката го сними за успехот на нивниот поранешен бенд, а во таа прилика Делибашиќ застана пред камерите и ја искористи таа прилика да открие дека е среќно заљубена.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

– Што се однесува до емотивниот живот, јас сум многу среќна, задоволна и исполнета на тоа поле. Јас сум сакана и сакам. Да, тоа е тој! Вистинскиот, дефинитивно. Тој е личноста покрај која најдов се за што сонував цел живот – откри пејачката за „Премиера“.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм
ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

Инаку Слаѓа Делибашиќ има 52.години, а да не е позната личност никој не би поверувал дека таа е веќе во шестата деценија од животот.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

– Не ги кријам годините, ниту ми треба да бидам млада. Важно ми е да имам душа која не старее, па затоа и се чувствивам како да имам 25 години.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм
ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

Слаѓа Делибашиќ вели дека секој ден тренира за да биде најубавата баба на сцената. Пејачката вели дека и на 52-годишна возраст е неуморна и се буди на раните зори да трча и да вежба.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм
ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

– Сега ќе полнам 53 години и тренирам секој ден! Ако не вежбам, станувам нервозна. Многу луѓе мислат дека лесно ми е да изгледам вака, но верувајте ми, не е така. Сакам да станам рано за да тренирам. Понекогаш ми е тешко, но морам затоа што е за мое добро. Сакам комплименти дека сум убава баба, но навистина се обидувам да останам таква – вели танчерката.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм
ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм
ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

– Трчам еден час, тоа ми стана рутина, како миење заби. Исто така, сакам да пешачам, да поминувам по осум километри на ден, понекогаш одам на базен. Навистина сакам пливање и тоа ме релаксира.

Слаѓа вели дека во текот на денот внимава на калориите но признава дека навечер знае да претера.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

– Јадам непосредно пред спиење. Најобилен оброк е вечерата, иако не треба да биде. Јадам многу месо и салата, па одам да спијам. Сепак, ги советувам жените да не го прават тоа, туку да јадат умерено неколку пати во текот на денот, но и да бидат физички активни – вели Слаѓа.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

Поранешната сопруга на Џоле Џогани вели дека никогаш не била дебела и дека се здебелила само кога била бремена.

ФОТО: Слаѓа Делибашиќ / Инстаграм

– Тогаш имав 12 килограми вишок но брзо ослабев. Сега имам 62 килограми и тоа е мојата идеална тежина, која ја имав скоро цел живот. Сè е убаво кога сме млади, но треба да размислуваме за иднината. Мислам дека жената треба да се грижи и да биде физички активна после 30-та година од животот, бидејќи метаболизмот ни се забавува вели Слаѓа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close