MAMA
Славица е нашата ХЕРОИНА: Својот одмор го искористи за да се грижи за болно девојче чии родители се заболени од коронавирус
аа работи во италијанска компанија која произведува чорапи, а својот одмор го посвети на девојчето
Девојчето се разболело и морало да биде хоспитализирано, а покрај лекарот, нејзината сосетка Славица се грижела за неа како родена мајка.
Славица Миловановиќ од Рањан, кај Лозница, без многу размислување реши да ја прифати целата грижа за двегодишно девојче од соседството, чии двајцата родители се заразени со вирусот Ковид 19.
Таа работи во италијанска компанија која произведува чорапи, а својот одмор го посвети на девојчето, чии родители, како и бабите и дедовците, исто така се заразени со вирусот, пишува Новости.
Девојчето се разболело во сите овие проблеми, па морало да оди во болница, каде покрај персоналот, оваа прекрасна жена која има три ќерки постојано гледа и стоела над неа, како родена мајка.
– Славица е вистинска хероина, сјаен пример, повод за многумина да размислуваат за тоа како се однесуваат во животот – вели Воја Милетиќ, која неодамна се опорави од вирусот ковид и додава дека сите во семејството се горди на Славица , затоа што, во денешно време, како што рече, малкумина би го сториле тоа.
Од вкупно пет милиони пријавени случаи инфицирани со КОВИД-19 во Соединетите држави, „Си-Би-Ес њуз“ пренесува дека повеќе од 338.000 се деца.
Скоро 100.000 деца се позитивни на вирусот корона во последните две недели од јули, открива најновиот извештај на Американската академија за педијатрија. Нешто повеќе од 97.000 деца биле тестирани позитивно за новиот вирус од 16 до 30 јули, според информациите од ова здружение.
Од петте милиони пријавени случаи на КОВИД-19 во Соединетите држави, „Си-Би-Ес њуз“ пренесува дека повеќе од 338.000 се деца.
Д-р Тина Хартерт од универзитетот Вандербилт се надева дека зголеменото тестирање на децата ќе помогне да се утврди улогата на најмладите што ја играат во пренесувањето на вирусот, бидејќи окрузите низ целата земја полека се враќаат кон некоја форма на школување.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, го најави враќањето на есен на школувањето од далечина.
„Разгледавме примери во светот како да ја зачуваме здрава школската популација и донесовме голем број решенија како да ги заштитиме децата, а во исто време да го овозможиме нивното образование“, изјави де Бласио на прес-конференција во петокот.
Де Бласио им даде на родителите рок до петок навечер да ги регистрираат своите деца за лично учење, учење од далечина или мешан систем на учење.