Дом и семејство

Сите коментираат за оваа фотографија од матурската на Меган Маркл- Ова е нејзината прва љубов!

Фановите коментираат дека Меган воопшто не се променила

Меган Маркл важи за една од омилените ѕвезди. Особено откако стапи во брак со принцот Хари таа не може да сокрие речиси ништо од јавноста.

Нивниот живот е се поинтересен а медиумите будно го следат секој чекор на познатата двојка.

Многумина велат дека таа изгледа сосема природно, секогаш со минимална шминка која ја истакнува нејзината природна убавина.

На Инстаграм неодамна се појави фотографија од поранешната војвотка од Сасекс Меган Маркл од средно училиште, а нејзините фанови останаа во неверување, бидејќи како што велат оттогаш таа многу малку се променила.

Имено, на споменатата фотографија Меган има само 16 години и позира со своето прво момче Луис Сегур пред украсената новогодишна елка.

Меган е весела и насмеана на фотографијата која е направена во 1997 година, облечена во светкав црн фустан, а многумина коментираат дека изгледа скоро исто како и денес со 39 години и дека воопшто не се сменила.

– Ако некој ми кажеше дека оваа фотографија е направена минатата година, ќе верував – напиша еден од обожавателите.

– Во тоа време, таа не помислуваше  дека ќе стане принцеза – стои во друг коментар.

Меган го загуби второто дете

 

39 годишната актерка, неодамна реши да прозбори за траумата и загубата која ја доживеале, па ја шокираше јавноста со информацијата дека го изгубила своето второ дете.

Во изјава за Њујорк Тајмс, Меган ја потврдила веста за спонтаниот абopтус и започнала со својата трогателна исповед.

-Тоа беше, едно обично јулско утро. Се разбудив, ги нахранив кучињата, ја исчистив облеката и боичките на Арчи, ја врзав косата и го земав  Арчи од лулката. Потоа му ја сменив пелената, и почувствував силен грч. Знаев дека нешто не е во ред. Паднав на подот заедно со Арчи во моите раце, веднаш почнав да пејам приспивна песна за да го смирам него но и себе. Веселата мелодија беше во целосна спротивност со моето чувство дека нешто не е во ред “, продолжи таа.

„Знаев, додека го држев во раце првото дете, го изгубив второто …

Актерката вели дека по загубата биле скршени од болка, и признава дека не знаела како ќе се соочат со таа трагедија.

Неколку часа подоцна, лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на мојот сопруг. Го почувствував мирот што ми го донесе неговата дланка, ги бакнав зглобовите, кои беа влажни од моите и неговите солзи.

„Бев“ загледана во белите sидови, се обидував да смислам како би можеле да се излечиме после ова“, истакна Меган во својата шокантна исповед.

Во онлајн гостување во емисијата „Heroes: All-Star Tribute“ на Си-Ен-Ен,  војвотката првпат се појави во јавноста по веста дека таа и принцот Хари го изгубиле детето во јули оваа година.

Таа во емисијата се приклучи за да им оддаде почит и признание на оние луѓе кои се грижат никој да не остане гладен за време на пандемијата на коронавирус.

 

– Во годината што претставуваше предизвик за сите, бев инспирирана од приказните за сочувство во нашите заедници. Низ целата земја, луѓето ги издвоија сопствените потреби за колективна благосостојба на сите околу нив. Вечерва ги славиме оние херои, од кои некои ги познавам, а за некои аплаудираме од далеку. Овие луѓе се погрижија да ги исполнат најосновните потреби, се погрижија никој околу нив да не страда. Тие ги нахранија своите соседи и покажаа дека во најтемните времиња имаме моќ да потсетиме некого дека надежта постои и дека сите ќе бидеме во ред, рече Меган на видеото.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close