Кафе муабет
Синот на Вики Миљковиќ заљубен до уши: Андреј порасна во вистински фраер- Ова е девојката која му го украде срцето
Андреј сподели фотографија со девојката...
Пејачката Вики Миљковиќ со години е во хармоничен брак со Драган Ташковиќ Ташко а пред петнаесет години се роди Андреј како круна на големата љубов на која многумина можат да и позавидат.
Иако пејачката ја чува својата приватност меѓу четири ѕида и не зборува многу за семејството во јавноста, сепак синот на Вики Миљковиќ неминовно е изложен на медиумски интерес, а за разлика од неговите популарни родители кои постигнаа успеси во светот на музиката, тој се одлучи за спортот, поточно реши да се обиде на тенискиот терен и пејачката е горда поради тоа што добро му оди.
Андреј е активен на тенискиот терен, но и на социјалните мрежи, каде веќе стана популарен, а неговите објави сведочат дека пораснал во прекрасно момче, згоден, убав и талентиран, а не е чудно што девојките се луди по него. Сепак, се чини дека една успеала да му го украде срцето.
Имено, синот на Вики Миљковиќ со најновата фотографија ја заинтригира јавноста и сега главна тема е новата девојка на Андреј Ташковиќ на која преку социјалните мрежи со срце и го честиташе роденденот јавно.
Андреј позираше со преслаткото девојче во интимна прегратка и ја сподели фотографијата на „Инстаграм“, која ја разбуди љубопитноста но и растажи многу тинејџерки тајно заљубени во него.
Имајќи предвид дека синот на Вики Миљковиќ сега е на возраст кога се раѓаат првите љубови, прашање е дали ќе ја запознае својата избраничка со мама и тато.
– За мојот син замислувам жена која ќе го почитува и која ќе ја почитува. Сигурно ќе биде негов избор, а не мој. Се ближи и тоа време. Андреј веќе не е мал. Тој, исто така, се занимава со многу спортови. Напорно се труди и напорно тренира тенис. Ова сега му е главна преокупација покрај училиштето. Па ќе видиме што не чека. Но, ќе се обидам да бидам добра свекрва – неодамна изјави Вики за „Скандал“ за љубовниот живот на нејзиниот син.