Кафе муабет

Се скараа за 10.000 евра: Хаос во семејството на Гоца Божиновска- пејачката лута на снаата и синот!

Гоца се изнервира затоа што смета дека воопшто не бил моментот да се реновира базенот, ништо не му недостасувало ниту на стариот...

Гоца Божиновска е многу попустлива кон својот син, но и кон снаата. Сепак сега пејачката не можеше да попушти за една работа па се скара со Бојан и Мирко. Имајќи предвид дека сега живеат во нејзината куќа во Сурчин, Бојана и Мирко го реновираа спратот каде што ќе живеат со бебето што е на пат.

фото инстаграм/ Гоца Божиновска
фото инстаграм/ Гоца Божиновска

Сепак, она што не и се допадна на Гоца е што тие сега започнаа со реновирање на базенот и дворот, и како што вели, во никој случај не е време тие да го сторат тоа сега. Со оглед дека ќе станат родители за еден месец и дека ќе им требаат многу пари за нивниот син, реновирањето на базенот може да почека:

фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/ Гоца Божиновска

– Гоца се изнервира затоа што смета дека воопшто не бил моментот да се реновира базенот, ништо не му недостасувало ниту на стариот. Прво, дадоа многу пари за да го реновираат спратот а сега се преселија во дворот. Ставиле нови плочки, купиле дрво од банана, големи лежалки од трска, го ставиле сето тоа покрај базенот, а вечерта целиот простор сјае како Лас Вегас. Потрошија скоро 10.000 евра. Покрај базенот има дел со лулашка и клацкалка, а сега Бојана и Мирко планираат да го претворат во парк за нивниот син – открива соседот на Гоца.

фото инстаграм/Бојана Родиќ

– Бојана навистина има стил и на Гоца и се допаѓа сето тоа, но смета дека претеруваат, бидејќи сега ги чекаат поважни работи. Таа вели: Сега кога бебето треба да пристигне, тие го трошат своето време на глупости, и жената е во право. Сепак, тие се млади, не почувствувале што значи да се нема и каква е борбата за парите, Гоца им дава совети, но никој не ја слуша – открива соседот.

фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ

Инаку, Бојана Родиќ се најде во центарот на вниманието на медиумите кога нејзината сестра Богдана се омажи за Вељко Ражнатовиќ, а потоа таа исто така влезе во врска со Мирко и дополнително ја заинтригира јавноста.

фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ

Kако и да е, бидејќи наследникот на Гоца Божиновска нема редовни примања, родителите на неговата свршеница од Тител – Данијела и Богдан Родиќ им помогнале на младите за реновирањето.

фото инстаграм/Бојана Родиќ

Парот сè уште не го објавил името што ќе му го дадат на својот син но според локалните медиуми, двајцата уште на почетокот на бременоста избрале имиња за бебето.
Наводно Мирко би сакал детето да го носи името на неговиот покоен татко Зоран.

фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ

Со тоа се согласува и Гоца Божиновска на која и се допаѓа идејата нејзиниот внук да го носи името на нејзината најголема љубов.

фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close