Кафе муабет
СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА УБАВАТА РУБИ: Стана баба и погледнете како изгледа денес!
Годините не и можат ништо...
Македонската публика ја памети по улогата на Руби, а од тогаш поминаа 18 години, но актерката Барбара Мори, која играше во многу омилени теленовели, може да се каже дека не се промени многу од 2004 година па до сега.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-1.png)
Убавата актерка денес има 44 години, веќе неколку години е баба, а нејзиниот Инстаграм е полн со фотографии кои докажуваат дека годините ништо не и можат.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-2.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-3.png)
Барбара Мори ја следат 2,5 милиони луѓе, а повеќето од нив ја знаат од серијата Руби, која и донесе планетарна слава.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-4.png)
Барбара Мори си ја осветли косата, а во меѓувреме се посвети на малку посериозни улоги. Сака да позира во природни изданија, со обожавателите споделува фотографии од природата, но не го крие приватниот живот. Во филмовите таа сè уште ги добива улогите на фатални убавици како Руби.
Актерката, која има јапонско потекло од нејзиниот дедо, а Уругваја е потекло од нејзината мајка, важи за една од најубавите Мексиканки. За тоа е заслужна и нејзината природна убавина, но и харизмата која зрачеше од малите екрани во 2004 година, додека публиката овде уживаше во авантурите на злобната Руби.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-5.png)
Барбара, што на јапонски значи „шума“, ја започна својата кариера како модел, а потоа доби низа улоги во латиноамерикански серии.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-6.png)
Улогата на славната Руби е една од нејзините најпознати и оваа улога и ја донесе наградата за најдобра женска улога во магазинот ТВ „Новелас“ за 2004/05 година.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-7.png)
Барбара работеше напорно, сите овие години, па на листите со серии и филмови во кои играше се наоѓаат насловите: „Луна“, „Мирада де мујер“, „Пор сиемпре“, „Виенто ен контра“.
Сепак, таа немаше толку среќа во љубовта.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-8.png)
Од 2016 до 2017 година, таа беше во брак со актерот Кент Реј Сигман (тој е брат на убавата актерка Стефани Сигман).
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-9.png)
Бракот не траеше долго, ниту нејзината врска со политичарот Серџо Мајер, со кој го има синот Серџо Мајер Мори (21), кој исто како и неговата мајка на многу млада возраст доби ќерка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/руби-10.png)