Кафе муабет
Се појавија шокантни детали од бракот на Јелена и Душко, соседите прозбореа и открија се што виделе
Не биле заедно неколку месеци...
Јавноста беше шокирана кога пејачката Јелена Карлеуша преку Инстаграм призна дека по 14 години брак се разведува од сопругот, фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ.
Таа преку Инстаграм ја извести јавноста дека решиле да се разделат со Душко бидејќи тој повеќе не се гледа себеси како дел од семејството и дека ќе се разведе со заедничка согласност.
Главниот уредник на Курир, Рајко Недиќ, ја коментираше објавата на Јелена во емисијата „Пулс на Србија“ на ТВ Курир и откри дека од некои извори има информации дека Јелена и Душко со месеци не живеат заедно и дека вешто го криеле тоа од јавноста.
– Секој кој не е запознаен со нивната врска е изненаден. Сепак, знаеме дека долго време не живеат заедно, но тоа го криеја од очите на јавноста. Преку некои мои извори дознав дека преговорите траеле со месеци бидејќи прашањето е многу деликатно. Во брак се 14 години, се стекнаа со голем имот, имаат две деца. Сакаа да биде консензуално, пред се заради децата. Ова беше најдоброто можно решение. Имавме информации дека таа веќе се сели во друга куќа – изјави Рајко.
Недиќ истакнува дека дознал оти по инцидентот меѓу Душко Тошиќ и фудбалерот Александар Пријовиќ на еден белградски сплав, Карлеуша му испратила „заканувачка“ порака на Пријовиќ бранејќи го својот сопруг.
– За инцидентот што се случи меѓу Александар Пријовиќ и Тошиќ, дознав дека Јелена му испратила порака на Пријовиќ бранејќи го својот сопруг. Му напишала дека не е во ред што дошол во нејзиниот град да направи такво нешто, дури и му се заканувала. Таа застана во одбрана на Душко, што е многу убаво. Мило ми е што вака заврши, без разлика на турбулентниот брак можеби, сега продолжуваат по својот пат. Им посакувам успех во иднина – изјави Недиќ.
Соседите на Карлеуша ја потврдија информацијата дека пејачката се сели во друга куќа и открија дека ја виделе како носи работи.
– Јелена неодамна донесе работи, ја видов, не би сакала да откривам повеќе, бидејќи навистина не сакам да се мешам. Видов дека дојде со работи. Во весник прочитав дека се разведуваат, многу ми е жал – изјавила постара госпоѓа, а господинот кој случајно се нашол на улица во тој момент откри дека ја видел пејачката, но не и Душко.
-Јелена често ја гледам, Душко не сум го видела, не ни знаев дека се разведуваат – рекол господинот.
Да потсетиме, Карлеуша вчера јавно призна дека по 14 години брак се разведува од сопругот, фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ.
Таа на својот Инстаграм профил напиша соопштение каде открива и кој ќе го добие старателството над децата но и која е причината за распадот на бракот.
“Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со заеднички договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата , нема да молам за разбирање од медиумите затоа што тоа е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само линчување и миење уста со нашиот живот, на што сум навикната… па АЈДЕ сум преживеала се, па ќе го направам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот е пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како досега. Веќе нема да се огласувам на оваа тема“, напиша Карлеуша.