Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ со години ужива во љубовта со Ѓорѓе Кулиќ.
Тие неодамна почнаа да живеат заедно, па многумина не би се изненадиле доколку пејачката застане на „лудиот камен“ и го каже судбоносното да на својот избраник.
Иако Анастасија не проговори јавно на оваа тема, пејачката веќе одлучи која ќе и биде кума.
– Таа ми е најдобра пријателка. Утре на свадба ќе ми биде кума. Не ми е тешко ншто да направам за неа. Се познаваме и се дружиме од мојата 12-та година – изјави Ражнатовиќ во една прилика во емисијата „Неделно попладне“ откако нејзината пријателка Тара откри дека младата пејачка целиот свој живот го ставила на двонеделна пауза за да и го посвети исклучиво на неа откако дознала дека е заразена од корона.
Инаку, Тара е добредојден гостин и во куќата на Ражнатовиќ. Таа е внука на легендарниот фудбалер и тренер Велибор Бора Милутиновиќ.
За потсетување, Анастасија и Ѓорѓе се преселија во луксузен апартман во новоизградениот станбен комплекс во срцето на Белград.
Нивното ново љубовно гнездо се простира на цели 200 метри квадратни, а станот го платиле 750.000 евра, со оглед на тоа дека се работи за нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан.
– Купиле два стана од 100 квадрати кои се наоѓаат еден над друг и направиле дуплекс. Имаат пет спални соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Мебелот го избраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат – изјави неодамна извор за медиумите.
Пред тоа две години живееа во Нови Сад, каде бизнисменот има куќа, а Анастасија често доаѓа кај мајка и во Белград. Поради нејзината пејачка кариера решиле да продолжат да живеат во главниот град.
Ѓорѓе не сака јавно да се експонира, а младата Анастасија ја почитува неговата одлука, па малку се знае кој е зетот на Цеца, за неговото семејство, каде пораснал, во какви услови живе.
-Кулиќ се од Нови Сад, тие се среќно семејство кое со години има приватен бизнис“ вели извор блзок до семејството на Кулиќ.
-Се што поседуваат го стекнаа благодарение на голем труд и семеен бизнис кој се пренесуваше од колено на колено. По цела Војводина имаа млинови. Некои ги продадоа, некои ги задржаа, тврди соговорникот и вели дека не се збогатил преку ноќ.
-Интересно е што заврши средно елитно училиште во Швајцарија која беше организирана на интернет каде што учеа и деца на принцеви и разни аристократи. Една училишна година чинеше околу 60 000 евра. Тоа јавноста не го знае, туку само знае дека студираше во Њујорк каде што има свој приватен бизнис, вели изворот и додаде дека зетот на Цеца започнал и приватен бизнис.