Новости

Секој би помислил дека се сестри: Погледнете каква “баба”има Харис Џиновиќ- мајката на Мелина е вистинска убавица!

Љубовната приказна на Мелина и Харис трае веќе 16 години

Веќе и врапчињата знаат за големата љубов на Харис Џиновиќ и неговата сопруга Мелина Џиновиќ која е помлада од него, и мора да признаеме дека е вистинска убавица.

 

 

Нивната љубовна приказна трае веќе 16 години, и иако е дури три децении помлада од него, тоа не им пречи тие да бидат среќни и заљубени.

 

 

Кога и да се појави во јавноста таа прави бум, со нејзиниот изглед.

 

 

Мелина е убава и млада, со витка става а нејзиниот привлечен изглед сигурно го наследила од нејзината мајка, Елма Галиќ.

 

 

Елма живее во Загреб, каде што е родена и Мелина. Како и нејзината ќерка, така и таа многу се грижи за својот изглед и поради тоа изгледа многу помладо.

 

 

Таа ја доби Мелина во бракот со Сулејман Галиќ, а за нејзиниот љубовен избор за пејачот таа и била најголема поддршка.

 

 

Улогата „баба” на Харис Џиновиќ таа ја доби во 2014 година, кога Мелина и тој решија после 11 години врска, љубовта да ја крунисаат со брак.

 

 

Инаку пред извесно време Мелина Џиновиќ која е модна дизајнерка, го сврте вниманието со тоа како целата ситуација со коронавирусот во светот се одразила и на модниот бизнис.

 

 

– Моите фустани се продаваат секаде во светот, во 64 бутици, но сега е хаос насекаде, криза е. Нема повеќе свечености, раскошни забави, гала вечери на кои моите фустани ќе засјаат во полн сјај. Ни славните брендови не се продаваат како претходно, се застана. Не се жалам, знам дека на модата ќе и се врати животот, но кој знае кога, раскажала дизајнерката за Стар.рс.

 

 

Според Мелина, тоа се должи на тоа што повеќето од луѓето во моментот работат од дома и сметаат дека не е потребно да купуваат гардероба.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close