Дом и семејство

СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ОВОЈ ТАТКО! Синот се срамел од својот белег па таткото го истетовира истиот за да му ја врати самодовербата!

За да му помогне да го надмине овој комплекс, неговиот татко решил да истетовира иста лузна.

Осумгодишниот Дерек Пру кој е роден со белег на градите и торзото почна да се срами од својот белег, па поради тоа и одби да ја соблече маичката на базен.

За да му помогне на својот син да го надмине овој комплекс, неговиот татко решил да истетовира иста лузна.

„Тој секогаш беше горд на својата лузна и одеднаш почна да ја прикрива“, вели неговиот татко Дерек постариот.

„Одлучив да го истетовирам истиот белег, за да не се чувствува поинаку, додаде тој….

Целиот процес на тетовирање на таткото траеше 30 часа, на вкупно осум сесии.

„Мислев дека ќе го сторам тоа во една посета, но три часа се претворија во триесет“. Големината и положбата на тетоважата го направија овој процес многу болен, па работата честопати мораше да се прекинува и да се лади површината на кожата за да се вкочанат нервните завршетоци, истакна Dерек.

Уметникот за тетоважи Тони Гиберт, кој е сопственик на студиото за тетовирање Juicy Quill во Канада, за CBC изјави дека тетоважата е на болно место по телото.

 

„Тој мина низ пекол за таа тетоважа“, рече Гиберт и додаде: „Тоа е прилично болно.

 

 

За оваа постапка на својот татко, синот дозна дури кога следниот пат отидоа заедно на базен.

„Само  ја соблеков кошулата и му покажав дека имам ист белег. На видеото од овој настан, можете да го слушнете Дерек Јуниор како вели „Тоа е кул!“ а потоа ја соблече кошулата – како што и се надеваше неговиот татко.

На 9 декември таткото и синот отидоа заедно во студиото за тетовирање па Гиберт можеше да ја спореди својата работа.

„Ова е нешто што навистина влијаеше на неговото секојдневие, давајќи му поголема самодоверба, давајќи му до знаење дека не е единствената личност со оваа голема лузна. “, рече Гилберт.

На Фејсбук, тој сподели статус и напиша: „Многу е кул што го стори ова за да му помогне на својот син да си ја врати самодоверба и горд сум што сум дел од нивната приказна“.

Мајката на Дерек Јуниор, Хоуп Мари, му се заблагодари на Гиберт за тетоважата велејќи дека завршил одлична работа.

Извор: Detinjarije.com

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close