Кафе муабет
СЕКА АЛЕКСИЌ ОБЈАВИ УБАВИ ВЕСТИ – Во прегратка на сопругот Вељко: „НЕ МОЖАМ ДА ДОЧЕКАМ!“
Презадоволна од новиот спот...
Популарната пејачка Сека Алексиќ сними спот за песната „Рана“ од новиот албум „Биоскоп“, а фановите за првпат по десет дена можат да го видат на официјалниот канал на пејачката на Јутјуб.
– Сека избра да го сними своето второ видео од новиот албум на фарма надвор од Белград.
Песните од актуелниот албум „Биоскоп“ веќе ги освоија срцата на фановите на пејачката, па таа реши да им се оддолжи со уште еден видео запис. Нејзините обожаватели наскоро ќе можат да ја видат во прегратките на нејзиниот сопруг Вељко Пиљкиќ.
Пејачката ја продолжи традицијата и повторно го ангажирала својот сопруг за спот, кој од ден на ден изгледа се подобро.
Од извори блиски до пејачката, Сека навистина се потрудила да го убеди својот сопруг да се појави во спотот.
За потсетување, Вељко веќе се појави во два спотови на Сека „Случајни партнери“ и „Последниот лет““.
– Презадоволна сум од сировиот материјал, па едвај чекам да го видам видеото – изјави Сека по снимањето.
Во септември заминува на ин-витро!
Пејачката Сека Алексиќ има два сина Јаков и Јован, но таа постојано зборува за проширување на семејството.
Светлана вчера објави дека во септември планира да оди на ин витро оплодување.
Пејачката додала и дека сака големо семејство и дури пет деца.
– Сите грешки што ги правиме како родители со првото дете, ги исправаме со второто, третото, четвртото и петтото. Се надевам дека ќе бидат пет. Се надевам. Во септември планирам повторно да одам на вонтелесно оплодување. Што и да биде, Господ да даде само здравје – изјави пејачката.
Пејачката се осврна и на темата каква е како мајка, и истакна дека е среќна и задоволна што се исполнила во таа улога бидејќи тоа е она што го посакувала долго време.
– Замислете да родам близнаци. Колку и да даде Господ, јас сум задоволна. Макар и да не забременам повторно јас сум среќна и задоволна. Како мајка го постигнав тоа што го посакував долго време – истакна пејачката.