Кафе муабет
Сега и ОФИЦИЈАЛНО е дел од семејството: Овие фотографии од семејството на Гудељ и Анастасија кажуваат се за нивниот однос кон миленичката на Цеца (ФОТО)
Анастасија е среќна и заљубена...
Семејството на Немања Гудељ има јасен став за младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ …
Семејството на Немања Гудељ и Анастасија судејќи по објавите на социјалните мрежи, времето го поминуваат заедно во Шпанија. Кога беше откриено дека ќерката на Цеца Ражнатовиќ се забавува со фудбалерот, по раскинувањето на петгодишната врска со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, многумина се запрашаа како Анастасија се согласува со семејството на Немања.
Според медиумите, идната свекрва на Анастасија, Оливера Гудељ, откако поминале доволно време заедно во Севиља, само го заклучила позитивното мислење што го имала за избраничката на нејзиниот син, а на ист став се сестрата на Немања, Вања и братот Драги.
– Анастасија е многу приземна и пристојна девојка, а кога е во прашање семејството на Гудељ, таа не може ни да глуми ѕвезда. Покрај татко му, фудбалерот израснал и во богатство, а и самиот постигнал големи успеси на многу млада возраст, па девојката тешко може да го гледа од високо. Сепак, Анастасија не е вообразена, не глуми ѕвезда, бидејќи, без разлика на богатството, живеела сосема нормален живот, на што секогаш инсистирала нејзината мајка Цеца – тврди извор за „Свет и скандал“.
Придружниците на пејачката имаа можност да се уверат низ фотографиите дека младата печакта одлично се согласува со семејството на Немања Гудељ, кое се чини дека е пресреќно поради нивната врска, а Анастасија, на сите им прирасна при срце.
Инаку Анастасија Ражнатовиќ, младата надеж на естрадата, минатиот викенд официјално го отвори салонот за убавина во Врачар.
Ќерката на Светлана Ражнатовиќ, покрај пејачката кариера, реши да започне и нов бизнис, бидејќи очигледно не и недостасува амбиција за постигнување на сите полиња.
“Ова е нешто што го сакам, го подготвувавме долго време. Ова е голем ден за мене и мојот бизнис. Сакав шминка, но се одлучив за козметика, се грижам за својот изглед. Мама е пресреќна, таа е секогаш тука да не поддржи“, гордо изјави Анастасија.
Сепак, многумина се запрашаа од каде младата пејачка има финансии за да го започне овој бизнис, кој вклучува линија на козметика. Многумина претпоставуваа дека токму Српската мајка го финансирала новиот бизнис на нејзината ќерка.
Сепак, Анастасија реши се да демантира, па откри од каде парите за отворање на салонот за убавина.
– Мајка ми не ми помогна околу финансирањето. Имам партнерка со која работам и ние две заедно ќе се справиме со ова – изјавила Анастасија.
Она што многумина ги интересира е љубовниот живот на Анастасија.
„Од мене, мојата енергија, се гледа дека сум среќна, задоволна и заљубена“, истакна таа и проговори за своето поранешно момче Ѓорѓе Куљиќ, кој е во врска со нејзина пријателка.
“Многу пати сум кажала дека му посакувам се најдобро. Тој има право да биде со кого сака, луѓето продолжуваат и тоа е нормално. Тоа навистина не ме повреди. Што се однесува до мене, не ми пречи“, изјави Ражнатовиќ.