Кафе муабет
Саша Поповиќ го потпиша тестаментот: Еве кој ќе го наследи целото негово богатство!
Започнал неколку активности кои на нивните деца ќе им обезбедат подобра иднина...
Како што пишуваат медиумите, бизнисменот Саша Поповиќ решил со помош на адвокат да состави тестамент, во кој посочил кому ќе го остави целиот свој имот.
Како што објавија српските медиуми откако Саша Поповиќ ги продал акциите во „Гранд“, почнал да инвестира во разни бизниси и со сопругата започнал неколку активности кои на нивните деца ќе им обезбедат подобра иднина.
Меѓутоа, свесен за времето во кое живееме, Саша наводно направил тестамент, за да го обезбеди своето семејство навреме.
– Саша се консултирал со својот адвокат и решил се да и остави на Сузана. Таа е петнаесет години помлада од него, но тој има најголема доверба во неа и сигурен е дека таа ќе знае како да управува со целиот имот што го поседуваат – тврди близок извор на семејството и додава:
-Има доверба во својата ќерка, како и во синот на Сузана, кој го одгледа како да е негов. Но тој е решен да ѝ остави се на Сузана. Сигурно не мисли дека му се ближи крајот, свесен е само за времето во кое живееме и дека треба да го реши тоа навреме.
Сузана Јовановиќ, како што се наведува, по официјалното составување на тестаментот ќе биде побогата за неколку милиони, но бидејќи таа и Саша се во хармоничен брак, таа не придава значење на тоа, туку му го посветува вниманието на сопругот и се труди да ужива со него.
За потсетување,парот неодамна купи два луксузни стана а тие се инвестиција за нивните наследници, а околу ентериерот им помага позната фолкерка.
Имено Сузана и Саша неодамна донесоа одлука да купат два луксузни стана на моментално најелитната локација во Белград.
Парот решил да купи два стана во населбата „Белград на вода“, пишуваат медиумите, пренесува „Србија денес“. Најголемиот мотив за таква инвестиција е да се обезбеди дом за нивните потомци – ќерките Александра и Даниел, синот на Сузана од првиот брак.
По тој повод, Саша и Сузана ја ангажираа познатата пејачка Вики Миjковиќ, која исто така е жител на оваа населба, за нејзината компанија да биде задолжена за уредување на внатрешноста.
– Сале и јас сакаме да им обезбедиме на децата покрив над главата. Сонот на секој родител е да купи недвижен имот за своите наследници. Вистина е дека се обративме за помош кај Вики и нејзината компанија ќе го опреми нашиот ентериер – вели пејачката.
Пејачката од првиот брак го има синот Даниел, додека од вториот брак со директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ, ја има ќерката Александра…
Сузана Јовановиќ е една од најпознатите фолкерки на српската естрда која плени со својот глас и стас.
Таа е во брак со Саша Поповиќ долги години и токму за нмив се смета дека се во еден од поидиличните бракови, а една од главните причини за нивната идилична среќа е врската на Саша со синот на Сузана, за која пејачката често зборуваше.
На 17-годишна возраст, Сузана се омажи за својот прв сопруг, хармоникаш, на кого му роди син Даниел, на 18-годишна возраст.
Сепак, оваа љубов не траеше, па Сузана се разведе само по седум месеци отккао се породи и се врати во семејната куќа. За време на овој краток брак, таа го роди синот Даниел, на кого нејзиниот втор сопруг Саша Поповиќ секогаш му беше како татко.
Сузана и Саша ги пораснаа своите деца на вистински пат, а пејачката имаше среќа да се сретне со Поповиќ, кој го прифати Даниел како свое дете.
– Кога се разведовме јас и неговиот татко, тој имаше седум месеци, па затоа и не знаеше што се случува. Никогаш не сум рекла ништо против неговиот татко, верувам дека Бог ќе ни суди на сите еден ден и дека секој ќе го добие заслуженото во животот. Ја имавме таа среќа, или несреќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него. Дури кога Даниел започна основно училиште, неговиот татко се сети да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел исто така не праша никогаш за неговиот татко, тој едноставно не чувствуваше потреба. Мојот син и јас сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и на Саша- рече во една прилика Сузана за „Стил магазин“.