Кафе муабет

Саша и Дејан Матиќ сите ги знаете но еве како изгледаат нивните сопруги: Во брак се долги години и ретко се појавуваат во јавноста!

Близнаците Дејан и Саша Матиќ се родени на 26. април 1978 година како здрави, но прерано родени бебиња...

Браќата Саша и Дејан Матиќ денес се едни од најпознатите пејачи на Балканот. Тие имаат хармонични бракови и жени кои ги следат низ нивните животни патеки со години.

фото инстаграм

Во 2003 година, Саша се ожени со Анѓела Матиќ, со која има две ќерки Александра и Тара, кои не се експонираат често во јавноста.

фото инстаграм

Саша често истакнува дека неговите три дами му се најважни во животот. Тој во едно интервју за српскиот таблоид „Ало“ искрено призна што би го натерало да си замине од неговата сопруга со која инаку е во складен брак.

фото инстаграм

„Мојата сопруга и ќерките навикнаа поради работата што ја работам многу често да не сум дома и ме разбираат. Кога сум дома, се обидувам да поминеме квалитетно време и потполно да му се посветам на семејството. Многу често ме прашуваат дали сум строг или попустлив татко, но јас не сум ни едното ни другото, бидејќи никогаш не сум тука“ изјави искрено пејачот и додаде која е тајната на неговиот успешен брак.

фото инстаграм

„Не постои тајна. Љубов, разбирање и поддршка, а кај мене постојат сите овие работи. Ако ме прашувате дали понекогаш морам да се оправдувам, бидејќи не сум дома, поштено ви велам, не се оправдувам ни на самиот себеси. Кога сум дома, мора да биде добра атмосферата, да се согласуваме, смееме и уживаме, а ако не е така, веднаш заминувам. Знам дека тоа е себично, но тоа е вистината. Тоа истото важи и за бракот, ако атмосферата помеѓу мене и сопругата беше лоша, јас би заминал“, откри тогаш познатиот пејач.

фото инстаграм

Дејан Матиќ пак се ожени многу подоцна.

На почетокот на 2012 година тој започна емотивна врска со неговата сопруга Јелена, со која беше пријател неколку години пред тоа.

фото инстаграм

Веќе во јули истата година, Дејан и Јелена застанаа пред матичарот, а на нивната венчавка имаше многу личности од јавниот живот.

Тие исто така имаат две деца, синовите Константин и Зоран.

фото инстаграм
фото инстаграм

Как ои Саша така и Дејан е во складен и хармоничен брак со неговата сопруга.

Во една прилика Дејан откри како неговите деца се носат со фактот дека имаат татко кој не гледа.

фото инстаграм

– Тие од почеток сфатија дека е тоа така, секогаш прашуваат дали ми треба помош и секогаш се тркаат кој да ми помогне ако треба, рекол Дејан Матиќ.

фото инстаграм

Инаку, близнаците Дејан и Саша Матиќ се родени на 26. април 1978 година како здрави, но прерано родени. Затоа мајката и таткото морале своите деца да ги сместат во инкубатор во породилиштето во Загреб. Од неутврдени причини (најверојатно невнимание на медицинската сестра), двете бебиња по само неколку дена во болница, ослепеле, а тој недостаток судбината им го вратила со извонредниот музички талент па така тие веќе со години се едни од најпопуларните пејачи во Србија и во регионот.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close