Дом и семејство

“САМО ТАА МОЖЕ ДА ЗНАЕ ШТО ЧУВСТВУВА И ПЛАЧЕ ВО ТИШИНА”- писмо за животот на самохрана мајка кое ќе ви го скрпи срцето!

Самохраната мајка е оставена сама на себе...

Никој не може да знае како една личност се чувствува во сопствената кожа, каков е неговиот живот, па поради тоа не треба да се суди.

Жените најчесто се оние кои се ставаат на последно место, не размислуваат за себе, секогаш будно бдеат над своите деца, живеат за нив, тука се за секој проблем. Но дали некогаш некој се запрашал како тие се снаоѓаат сами? Особено оние мајки, лавици, борци кои останале сами со своите деца?

Што мислите кога ќе го слушнете зборот самохрана мајка?

Можете ли да замислите жена која повеќе размислува за играта на своето дете отколку за тоа дали јадела? Можете ли да замислите жена да седи депримирана на тремот на стара куќа, додека нејзините деца играат на улица без чевли.

Самохрана мајка е нешто повеќе од сето тоа. Тоа е жена која седи на маса и се грижи дали ќе може да ги плати сметките, жена која готви и мие исклучиво на ефтина електрична енергија, жена која заштедува пари за да им купи подароци на своите деца, за да ги изненади Божиќното утро. Тоа е жена која го штеди последниот денар за да инвестира во своите деца, така што тие деца не чувствуваат недостаток на еден родител, жена која се става на последното место, жена која стравува за нив, затоа што знае дека нема никој друг, знае дека е сама и без ничија заштита.

Beautiful young woman and her charming little daughter are hugging and smiling

Самохрана мајка е жена која се моли за своите деца кога спијат, која ги гледа со сета љубов во градите додека сите на маса јадат заедно.

Самохрана мајка е жена која не е разгалена од животот, која е оставена сама и за која нејзиниот поранешен сопруг (во повеќето случаи) има само зборови на прекор со неколку пцовки.Таа е жена која своето слободно време го поминува посветувајќи им го на децата, и честопати работи дополнително.

Таа е жена која нема време да пие кафе и да се дружи, жена која крие солзи и липа од очите на своите деца. Самохрана мајка е жена која ги чешла своите деца, им подготвува ужина, ги облекува, ги бакнува по челото и ги испраќа на училиште.

Самохрана мајка е херој, борец и најголем воин.

Иако не се бори против чета војници, со огромни тенкови и оружје, самохрана мајка е жена која работи макотрпно со десет прста за децата да не останат гладни, жена која не сака нејзините деца да се разликуваат многу од другите.

Таа жена, која тивко ја осудувате, поминала низ повеќе пекол отколку што може да се замисли. Само таа ја знае својата болка. Само таа знае како се чувствува. Само самохрана мајка знае низ што поминува. Само нејзината душа е празна, срцето распарчено, повредено. Само таа знае на крајот од денот колку е богата, бидејќи се бори за единственото право во животот – ЗА НЕЈЗИНОТО СЕМЕЈСТВО!

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close