Кафе муабет
РЕШИ ДА СТАВИ КРАЈ НА ОЗБОРУВАЊАТА: Ова е момчето на Наташа Родиќ- НЕ е синот на познатата фолкерка!
Наташа реши да стави крај на сите озборувања и покажа дека некој друг и го украл срцето...
Веќе со месеци во медиумите се пишува дека Наташа Родиќ е во врска со синот на Злата Петровиќ, Јован Пејиќ.
Пред извесно време дури и пејачката даде контроверзна изјава која ја наведе јавноста да помисли дека навистина Јован и Наташа се во љубовна врска но не е така.
– Син ми ми забрани да зборувам за неговиот љубовен живот. Пресреќна сум каков избор на девојка и да направи. И јас ја обожавам Наташа, како и нејзините родители со кои долго време се дружам. Само нека се сакаат, јас ги поддржувам. Единствено што можам да кажам е дека историјата се повторува и дека гените се чудо. Се чини дека Јован ги зема од тато Пеја. Се знае дека јас сум постара од неговиот татко, како и Наташа од Јован – изјави Злата за врската на Јован и Наташа.
Сепак Наташа реши да стави крај на сите озборувања и покажа дека некој друг и го украл срцето.
Родиќ на социјалните мрежи конечно покажа како изгледа нејзиниот партнер и предизвика лавина коментари.
Богдана Ражнатовиќ, нејзината сестра, но и Зорана Шијан, сестрата на Мирко Шијан, веднаш коментираа под објавата.
Пејачката Лена Чолак накратко напиша:
– Колку ве сакам во пакет!