Кафе муабет
Работите што ми ги направи Дарко се многу полоши од неверство! Барбара Бобак изнесе нови детали од раскинувањето: Готово е одамна!
Не се повеќе заедно...
Пејачката Барбара Бобак се најде во центарот на скандал, откако се дозна за раскинувањето на врската со пејачот Дарко Лазиќ.
– Не знам како да дефинирам како се чувствувам. Неблагодарно и тешко, немам време за себе, да се позанимавам со тоа, да ја преболам својата болка – изјавила Барбара за Ексклузив.
За ноќта кога Дарко бил уапсен бидејќи возел под дејство на алкохол, таа изјавила:
– Бевме во слаб контакт таа вечер, не ми беше гајле каде е. Разговаравме кратко, го молев да спие каде што е ако конзумира алкохол, бидејќи не можам повеќе да се справувам со него. Во тој момент полицијата го запрела, не ме извести за ништо понатаму, а јас заспав – рекла Барбара и открила:
– Долго време сум изневерена, не бев изненадена, ниту една негова лоша постапка не може да ме изненади. Бев повеќе изгубена отколку лута и разочарана, мојот гнев и разочарување одамна ги има– рекла Барбара.
– Ми пиша кога излезе, но јас се спакував и отидов кај моето семејство. Не сме се слушнале. Тоа што го направи не беше вистинска причина, не сакам да бидам жртва.
Лазиќ рече дека пиел затоа што бил емотивно уништен од раскинувањето со Барабара:
-Тоа не требаше да го направи, ќе му препишам се на неговата состојба, се што ќе каже нека му оди на образ и чест. Ќе останам чиста, да ги почитувам неговите деца и мајка. Разговарав со мајка му, таа има свои грижи и трауми кои ја придружуваат во животот, не и е лесно. Ѝ се извинив што не успеав, ѝ посакав се најдобро и среќа што се однесува до него – рекла Барбара.
-Му реков дека е големо момче, и да прави се што прави додека не влијае на мене и на нашата врска. Влијаеше, влијаеше, така и се случи. Никој не знае што има зад затворени врати, нашата врска е нефункционална долго време, но кога сакаш некого, се трудиш да го поправиш тоа, да се надеваш дека работите ќе бидат подобри. Му посакувам се најдобро, се најдобро – рече Бобак во Ексклузив.
Барбара призна дали начинот на живот на Дарко или несогласувањата влијаеле на нивното раскинување.
– Се влијаеше, се се поклопи, одамна, но неговото апсење не е причина за тоа – рече пејачката, а на прашањето дали причината за раскинувањето е неверство, таа одговори:
-Да ме изневеруваше или јас него, веднаш ќе се знаеше, работите што ми ги направи се многу полоши од тоа.
Барбара откри и што мисли за приведувањето и постапката на Дарко, кога тој возел под дејство на алкохол и под дејство на дрога со поголема брзина од дозволената, без возачка дозвола.
– Не сме во врска, а моето мислење е исто како и мислењето на повеќето луѓе – рекла Барбара, а на прашањето дали го предупредила Лазиќ и го советувала за пороците со кои има проблем, таа одговорила:
– Секој ден, три пати на ден, со месеци. Кога е доста, доста е.