Кафе муабет
Прослава во домот на Марина- поранешната свршеница на Лазиќ пресреќна, честитки добива од сите страни!
Славеше роденден со најблиските...
Поранешната свршеница на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ вчера наполни 23 години, а по тој повод приреди прослава.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/09/marina-1.png)
Марина во семејниот дом ги собрала членовите на семејството и пријателите, а сите заедно ја пееле роденденската песна, додека славеничката во раце го држела синот Алексеј.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/02/марина-2.png)
Гагиќ и детето не ја симнаа насмевката од лицето, па заедно ги дувнаа свеќите, по што следеше громогласен аплауз.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/02/марина-1.png)
Инаку Марина и Дарко водат судски спор поради алиментацијата околу синот а неодамна се сретнаа лице в лице во Основниот суд во Рума, каде се одржа второто рочиште за нејзината тужба за алиментација.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/marina-6.png)
Во судницата наводно дошло до конфликт меѓу поранешните партнери кои не можеле да се договорат за висината на алиментацијата, но и старателството над нивниот син Алексеј.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/marina-5.png)
„Прва дојде Марина, а Дарко доцнеше. Штом почна рочиштето дојде до несогласувања. Дарко веднаш стана и рече дека нема приходи и дека може да издвојува 25.000 динари месечно за детето, на што се спротивстави другата страна и истакна дека дава двојно повеќе за првото дете и дека не е во ред да ги дели децата“, рече тогаш изворот за српски Телеграф и додаде:
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/marina-7.png)
„Дарко стана и рече дека Лорена живее во градот и дека на дете што живее во град му требаат повеќе пари, што тотално ја изреволтира Марина. Таа во своето излагање рече дека е срамно и дека нема да дозволи да го понижуваат нејзиното дете само затоа што живее во село. Дарко стана и рече „Добро, еве, можам да дадам 30.000“ на што таа му врати „не сме на пазар па да се пазариме. Тоа е твое дете““, заклучува изворот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/60992647-2680-4ce7-92eb-3e510a0a0a64-marinaa-previewOrg-572x1024.jpg)
Барбара и Марина не се во добро односи…
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/barbara-1.png)
Новата избраничка на пејачот Барбара Бобак постојано ја провоцираше Марина а капката што ја прелеа чашата беше кога Барбара изјави дека малиот Алексеј, синот на Марина и Дарко ја нарекува „мама“, поради што Гагиќ реши да ангажира адвокат и да се јави на суд.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/барбара-4.png)
– Марина полуде кога виде што зборува Барбара за неа. Не можеше да издржи, па му се јави на Дарко и му рече дека очекува да ја заштити како мајка на неговиот син и дека не смее да дозволи никој да ја прозива. Дарко и рече дека не знае за што се работи и дека дефинитивно ќе провери за што станува збор. Сепак, Барбара продолжи со провокации и тој не реагираше. Затоа Марина му испрати порака и рече дека го тужела и дека ќе реши сè за алиментација и старателство на суд. Таа доживеа нервен слом кога Барбара за медиумите изјави дека Алексеј ја вика мамо – вели изворот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/barbara-3.png)
На почетокот многумина и ги споредуваа, но очигледно е дека ним не им годат таквите споредби бидејќи постојано јавно си упатуваат критики една на друга.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/10/obabs_1nF.jpg)
Така сега пејачката Барбара Бобак реши и јавно да признае дека нема добро мислење за неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ, со која го има синот Алексеј.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/barbara-2.png)
Откако беше објавено дека Марина Гагиќ наводно ја коментирала бременоста на Барбара Бобак за „Свет“, велејќи: „сега ќе види каков е вистинскиот Дарко“, сегашната избраничка на Лазиќ удри со дрва и камења по поранешната на пејачот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/barbara-5.png)
„Морам само да и кажам дека е подобро да најде некоја работа… Таа би можела да направи нешто паметно во животот“, рекла Барбара на почетокот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/marina-4.png)
– Има премногу слободно време за да го користи својот непостоечки мозок, па зборува глупости. Постојано си го пика носот каде што не му е местото, и кога никој ништо не ја прашал – налутено додала Бобак.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/darko-1024x861.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/darko-lazic.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/08/121128_darko_i_barbar_fmob_oZJ.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/marina-2.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/marinagagic2.jpg)