Бременост

Промени во бременоста кои сигурно ќе ви се допаднат!

Хормоните одговорни за безброј непријатни симптоми се одговорни и за да ја направат вашата коса погуста и посјајна во текот на бременоста...

Во бременоста не знаеме да цениме многу работи, но понатаму, кога ќе се најдеме во други животни фази, ќе се сетиме на моменти за кои ќе сфатиме дека навистина сме уживале.

фото илустрација

Времето поминато од моментот кога ќе го видите позитивниот тест, па се’ до тогаш кога ќе им објавите на вашите блиски, е навистина посебно. Никој друг, освен вашиот партнер, не знае дека во себе ја носите најубавата и најголемата тајна.

фото илустрација

Многу подоцна ќе сфатите колку убаво било чувството кога ќе си ја ставите раката на стомакот и само ќе се насмевнете.

Кога размислувате за симптоми или заболувања за време на бременоста, веројатно помислувате на утринска мачнина, хемороиди, болки во долниот дел на грбот и отечени нозе. Но, некои од феномените што ги носи бременоста се повеќе од позитивни.

фото илустрација

Хормоните одговорни за безброј непријатни симптоми се одговорни и за да ја направат вашата коса погуста и посјајна во текот на бременоста, а многу идни мајки тврдат дека косата им расте побрзо отколку порано.

Повисокиот крвен притисок и зголеменото ниво на хормони, исто така, може да го забрзаат растот на ноктите. И пренаталните витамини можат да го забрзаат нивниот раст.

фото илустрација

Дури и пред да го направите тестот за бременост, вашите гради почнаа да се менуваат за да се подготват за хранење на вашето бебе. Веројатно чувствувавте болка, и додека вашите млечни жлезди се полнат со млеко, тие ќе станат поголеми. Ако не можевте порано, сега можете слободно да уживате во маици или фустани со длабоко деколте.

фото илустрација

Кај некои идни мајки, зголемениот волумен на крв (речиси двапати) предизвикува црвенило на образите, што значи дека нема да ви треба руменило. Лојните жлезди, исто така, премногу работат, така што ви го даваат тој познат сјај на бременоста.

фото илустрација

Вистина е дека некои бремени жени добиваат акни, но кај некои хормоните ја чистат кожата.

Мозокот се менува за време на бременоста, но не на полошо. Имено, станувате почувствителни кон потребите на вашето бебе и побрзо ќе ги препознаете откако ќе се роди.

фото илустрација

За многу мајки, омилен дел од бременоста е фактот дека тие веќе немаат менструација. Нема влошки и тампони, нема проблем!

Многу жени стануваат почувствителни за време на бременоста и резултатот е подобри оргазми.

фото илустрација

Движењата на бебето во стомакот се омилениот дел на многу идни мајки. И секој пат кога бебето се движи во матката, вашиот пулс се забрзува што ви помага да се поврзете подобро со бебето.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close